Свет

Лавров со порака до Европа: Имавте шанса за дипломатија, но ја пропуштивте

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја нападна Европа поради нејзиниот контрапредлог за прекин на војната во Украина

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја нападна Европа поради нејзиниот контрапредлог за прекин на војната во Украина. Лавров рече дека Европа имала шанса за дипломатија, но ја пропуштила.

„Кога сега велат: ‘Не осмелувајте се да направите ништо без нас’ – па, вие имавте шанса, луѓе, и не ја искористивте. Ја пропуштивте“, им рече тој на новинарите додавајќи дека Русија претпочита да се занимава со вистинска дипломатија, а не со празни муабети.

Неговата реторика веднаш беше прифатена од медиумите контролирани од Кремљ. Весникот „Известија“ тврди дека оригиналниот план бил апсолутно прифатлива формула за Москва, но дека Киев и Европа го наполниле со неприфатливи детали и максимизирале сиви зони за да овозможат идни прекршувања на договорот.

Истакнатиот националист Захар Прилепин за Раша тудеј вели дека Европејците се ценкаат за својот дел од крвавиот украински колач, додека новинската агенција РИА новости, повикувајќи се на разузнавачки информации, тврди дека Велика Британија го блокира договорот затоа што приходите од војната ја спасуваат британската економија од банкрот.

Од друга страна, весникот „Московски комсомолец“ го нарекува мировниот процес „неколку чекори напред, многу чекори назад“.

Најнови вести од: Свет

Бугарската „Кралица на трепките“ и нејзиниот соработник пуштени на слобода по затворските казни за шпионажа за Русија

Британските медиуми наведуваат дека двајцата биле ослободени согласно законските правила, по издржување на задолжителниот дел од казната, по што веднаш биле депортирани од Обединетото Кралство.

To top