Свет

Лавров тврди дека Украинците со дронови ја нападнале резиденцијата на Путин

Лавров изјави дека Русија ќе ја ревидира својата преговарачка позиција за да го земе предвид, како што изјави, „конечниот премин на режимот во Киев кон политика на државен тероризам“

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Украина извршила напад со беспилотни летала врз државната резиденција на рускиот претседател Владимир Путин во регионот Новгород во текот на ноќта, објавија руските медиуми.

Лавров изјави дека Русија ќе ја ревидира својата преговарачка позиција за да го земе предвид, како што изјави, „конечниот премин на режимот во Киев кон политика на државен тероризам“.

Рускиот министер за надворешни работи изјави дека целите и времето на одмаздата на Русија веќе се утврдени, но нагласи дека Москва нема намера да се откаже од учеството во преговарачкиот процес поврзан со мировниот план.

Лавров рече дека во моментот нема информации за жртви или материјална штета предизвикана од наводниот напад врз резиденцијата на Путин.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека обвинувањето е лага, додавајќи дека Москва го подготвува теренот за напад врз владини згради во Киев.

Сè уште не е јасно дали Путин бил во резиденцијата во тој момент.

Најнови вести од: Свет

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top