Свет

Маѓар најави дека ќе ги зачува добрите односи со нашата земја

Тоа што Владата на Виктор Орбан имала, на пример, блиски односи со некоја балканска држава, не значи дека под Владата на Тиса тие односи ќе се нарушат. Можам да кажам дека ако односите со некоја земја биле лоши, тие сега ќе се подобрат…

Победникот на изборите во Унгарија Петар Маѓар денеска изјави дека како премиер планира да има добри односи со Македонија и со другите држави кои и досега имаа стратегиско пријателство со Унгарија.

– Тоа што Владата на Виктор Орбан имала, на пример, блиски односи со некоја балканска држава, не значи дека под Владата на Тиса тие односи ќе се нарушат. Можам да кажам дека ако односите со некоја земја биле лоши, тие сега ќе се подобрат. Мислам дека е во интерес на сите да работиме заедно во наш заеднички интерес, за економски проспертитет и развој. Повторувам, нема да се мешаме во внатрешните работи на други држави и нема да влијаеме врз вашите избори, дали во Македонија или на други места, изјави Маѓар на денешната прес – конференција одговарајќи на прашање на грузиски новинари за односите на нивните две земји.

Одговарајќи на прашањето за можната екстрадиција на двајца полски политичари, кои добија азил во Унгарија како политички прогонувани лица, Маѓар го спомна и примерот на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, за кого рече дека исто така треба да биде екстрадиран.

Најнови вести од: Свет

ЕУ подготвува пакет за пониски цени на горивата

Потребна координација за да се избегне земјите-членки да почнат да ги полнат складиштата за гас во исто време, што би се натпреварувало едни со други и со тоа би ги зголемило цените на гасот, како и да се ослободат резервите на нафта за да се постигне најдобар можен ефект и да се обезбеди дека итни мерки од страна на земјите-членки нема да го нарушат единствениот пазар.

„Плусинфо“: Новиот унгарски лидер Маѓар се развел тивко со сопругата Јудит, ја заклучувал дома, се шетал со нож в рака, таа го обвини за малтретирање кога била бремена!

„Приказната за разводот на Маѓар и Варга експлодираше дури во 2024 година, кога Маѓар го започна својот политички подем. Варга го обвини за семејно насилство и го нарече предавник. Маѓар ги отфрли сите обвинувања како клевета и тврдеше дека Варга е под притисок на власта. Разводот на новиот лидер на Унгарија Петер Маѓар, и поранешната министерка за правда Јудит Варга, со која има три сина, повторно исплива на површина откако Маѓар го собори својот политички татко Виктор Орбан на изборите во Унгарија. По сè што се случуваше за време на нивниот развод, кој Унгарците пред две години го следеа како сапуница, тешко е да се замисли дека Варга синоќа била меѓу оние што му честитале.“ – објави порталот „Плус инфо“

Футуристички пиштол без звук и чад: Кина ја откри новата електромагнетна технологија

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

To top