Македонија

Цветанова за ОН и Бугарија: Не можете да ги избришете луѓето со негирање на нивниот идентитет и права

Професорката го коментира ставот на Комитетот за човекови права на ОН дека Бугарија ги прекршила правата на етнички Македонец

facebook.com/siljanovskadavkova

Некогашната министерка за култура Ганка Цветанова со коментар за неодамнешната одлука на Комитетот за човекови права на Обединетите нации дека Бугарија го прекршила правото на слобода на здружување во случајот со етнички Македонец кој барал да регистрира непрофитна организација за човекови права.

„Комитетот на ОН потврдува: Бугарија ја прекрши слободата на здружување со блокирање на организација за права на етничките Македонци. Не можете да ги избришете луѓето со негирање на нивниот идентитет и права“, коментира на Икс политичкиот социолог и професорка на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања.

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top