Свет

Макрон, Мерц и Стармер разговараа со Трамп за напредокот на мировниот план за Украина

Интензивната работа на мировниот план продолжува и ќе продолжи во наредните денови

Францускиот претседател Емануел Макрон телефонски разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп и со други европски лидери, „за да се обидат да постигнат напредок“ во врска со Украина.

Како што е наведено во соопштението од Елисејската палата, во разговорот, кој траел околу 40 минути, учествувале и британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Во соопштението на британската влада се наведува дека тројцата европски лидери ги поздравиле напорите за постигнување праведен и траен мир во Украина.

– Лидерите ги разгледаа најновите вести за тековните мировни преговори што ги водат Соединетите Американски Држави. Интензивната работа на мировниот план продолжува и ќе продолжи во наредните денови, се вели во соопштението.

Покрај тоа, лидерите се согласија дека станува збор за „критичен момент за Украина, нејзиниот народ и за заедничката безбедност низ евроатлантскиот регион“ стои во текстот.

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top