Свет

Марта Кос: Во ЕУ има место за сите

Очекувам сите овие земји цврсто да останат на патот кон ЕУ, наведе еврокомесарката за проширување

Еврокомесарката за проширување Марта Кос пред денешната седницата на министрите за надворешни работи во Брисел, истакна дека во ЕУ има место за сите држави од Западен Балкан.

Очекувам сите овие земји цврсто да останат на патот кон ЕУ, наведе Кос.
Таа повтори дека проширувањето е приоритет за Европската Унија, но дека неговиот успех зависи од спроведените реформи во земјите кандидати.

„Ако нашите кандидати имаат резултати, ќе ги имаме и ние. Ние веќе ги имаме. Првпат по 17 години формиравме работна група за пристапување на нова земја, а тоа е Црна Гора. Покрај тоа, последниот „Евробарометар“ покажа навистина голема определеност на луѓето во Црна Гора да станат членка на ЕУ „,  рече еврокомесарката за порширување.

Кос додаде дека спроведувањето на Планот за раст „оди добро“ и најави исплата на околу 100 милиони евра од тој фонд за Албанија и за Црна Гора.

Најнови вести од: Свет

Џеј Ди Венс допатува во Швајцарија на преговори со иранските претставници

Главните преговарачи на САД и Иран имаат рок од 60 дена за да постигнат договор за техничките детали кои што би можеле да имаат големи последици врз светската економија и глобалната безбедност

To top