Свет

Илон Маск се откажа од создавање на нова политичка партија

Милијардерот Илон Маск одлучи да ги стопира плановите за создавање на нова политичка партија

Милијардерот Илон Маск одлучи да ги стопира плановите за создавање на нова политичка партија, објаснувајќи им на блиските соработници дека негов приоритет се неговите бизниси, според извештај на „Волстрит џурнал“ објавен во вторникот, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

Во јули, Маск ја промовираше идејата за Американската партија по жестоката јавна расправија со претседателот Доналд Трамп за даночните олеснувања и буџетските закони.

Според весникот, Маск неодамна се фокусирал на зајакнување на односите со потпретседателот Џ.Д. Венс и признал пред своите соработници дека лансирањето на партија може да ги наруши тие врски.

Најбогатиот човек во светот, заедно со своите соработници, им соопштил на луѓе блиски до Венс дека размислува да вложи дел од своите финансии за поддршка на Венс доколку тој се кандидира за претседател во 2028 година, пишува „Волстрит џурнал“.

Како извршен директор на „Тесла“ и „Спејс Екс“, Маск потрошил околу 300 милиони долари во 2024 година за поддршка на кампањата на Трамп и други републиканци, играјќи клучна улога во првите недели од мандатот на Трамп како раководител на новоформираниот Оддел за енергетска ефикасност (DOGE).

Венс, кој се заложи за смирување на тензиите по спорот меѓу Маск и Трамп, овој месец го повтори својот став и го повика Маск да се врати кон републиканците.

Акциите на „Тесла“ забележаа пад од над 18% оваа година по објавувањето во јули на најслабиот квартален резултат во продажбата во последната деценија, иако профитот ги надмина прогнозите на Волстрит, со маржа подобра од очекуваното.

Маск предупреди дека следуваат „предизвикувачки квартали“ откако администрацијата на Трамп ја укина поддршката за електричните возила. Инвеститорите се загрижени дали Маск ќе може да и посвети доволно внимание на „Тесла“ по неговите несогласувања со Трамп околу плановите за нова политичка партија.

Најнови вести од: Свет

Зошто горивото во Германија е поскапо од остатокот на Европската Унија?!

Цените на горивата растат низ цела Европа поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток, но Германија се издвојува со значително повисоки поскапувања од просекот на Европската Унија. Бензинот таму поскапел за околу 5 проценти, што е двојно повеќе од повеќето соседни земји. Главната причина не е само глобалниот раст на цената на нафтата, туку структурата на самата цена во Германија.

Лорд Рикетс до Трамп: НАТО не е за секоја војна што САД ја започнува

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ги критикуваше членките на НАТО откако повеќето од нив одбија да се приклучат на предложената поморска коалиција за обезбедување на слободниот проток низ Ормутскиот теснец – стратешкиот теснец низ кој пред ескалацијата на конфликтот минуваше околу 20 отсто од светската нафта.

Мицкоски на Конгрес на Европската народна партија

Од партијата истакнуваат дека присуството на Конгресот ја потврдува определбата на  Македонија за европска интеграција и обезбедува можност за билатерални средби со претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија

To top