Свет

Милановиќ: Хрватски војници нема да учествуваат во туѓи војни

Хрватскиот претседател контра премиерот Пленковиќ

Уште еднаш хрватскиот претседател Зоран Милановиќ се изјасни контра евентуалното вмешување на Хрватска во украинскиот конфликт.

Тој  на својот Фејсбук профил на вклучувањето на хрватскиот премиер во разговорите на таканаречената „Коалиција“  во која се вклучени и земји чии лидери претходно зборуваа за евентуално испраќање војници во Украина.

„Бидејќи премиерот на Република Хрватска неодамна се приклучи на разговорите на таканаречената „Коалиција на ….“, во која се вклучени и земји чии лидери најавија испраќање свои војници во Украина, би сакал да ве потсетам дека Хрватска е членка на Европската Унија и НАТО и има само обврски што произлегуваат од членството во овие сојузи.

Хрватска нема обврски што произлегуваат од политички или воени договори меѓу лидерите на таканаречената Коалиција …, а Владата на Република Хрватска не е овластена од никого да ја турка Хрватска во какви било нови коалиции што би можеле да вклучат учество на хрватски војници во војната во Украина. Добив мандат од хрватскиот народ да застапувам таков став и затоа повторувам дека хрватските војници нема да учествуваат во туѓи војни“, рече Милановиќ.

За потсетување, Пленковиќ вчера учествуваше на видеоконференција на лидерите наспоменатата Коалиција и рече дека на Украина ѝ е потребен одржлив мир што ќе го почитува нејзиниот територијален интегритет и меѓународното право. На вчерашниот состанок, Пленковиќ им се придружи, меѓу другите, на францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер, италијанската премиерка Џорџија Мелони и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

„Нагласив дека продолжуваме да го поддржуваме постигнувањето праведен и одржлив мир што ќе го почитува меѓународното право и територијалниот интегритет на Украина, со долгорочни безбедносни гаранции“, напиша хрватскиот премиер на X.

„Ова е важно и за заштитата на заедничките вредности, како и за европската и глобалната безбедност“, додаде Пленковиќ.

„Коалицијата на волните“ ги обединува повеќето големи европски земји, ЕУ, НАТО и неевропски земји како што е Канада.

Најнови вести од: Свет

Министерот Муцунски денеска во Париз

Во рамки на посетата, ќе оствари средби со министерот за Европа на Француската Република, Бенџамин Адад, како и со Бертран Бушвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон

ММФ предупредува: Конфликтот со Иран ја засилува инфлацијата и ги нарушува глобалните синџири на снабдување

Не е веќе прашање дали војната на Блискиот Исток ќе ја погоди светската економија, туку колку длабоко и колку долго. Најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд, објавена на 30 март и потпишана и од главниот економист Пјер-Оливие Гуринша, испраќа една јасна порака: ако кризата во Заливот продолжи да ги нарушува испораките на нафта, гас и ѓубрива, светот ќе се соочи со повисоки цени и побавен раст. Фондот предупредува дека шокот е глобален, но нема да биде еднакво распределен, најсилно ќе ги погоди земјите што зависат од увоз на енергија, сиромашните економии и државите со слаб фискален простор.

Рубио: НАТО ќе мора да се преиспита по војната со Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги критикуваше Шпанија и дел од другите сојузници во НАТО поради ограничената поддршка во војната против Иран, сугерирајќи дека Вашингтон по завршувањето на конфликтот можеби ќе ја преоцени својата улога во Алијансата.

To top