Свет

Министерот Муцунски денеска во Париз

Во рамки на посетата, ќе оствари средби со министерот за Европа на Француската Република, Бенџамин Адад, како и со Бертран Бушвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска престојува во работна посета на Париз. Во рамки на посетата, ќе оствари средби со министерот за Европа на Француската Република, Бенџамин Адад, како и со Бертран Бушвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.

Во фокусот на разговорите ќе бидат натамошното унапредување на билатералните односи, реафирмирањето на француската поддршка за евроинтегративниот процес на нашата држава, како и размена на мислења за актуелни регионални, европски и глобални прашања, извести Министерството.

Во рамки на посетата, предвидена е и средба со Жером Филипини, директор на Националниот институт за јавни служби на Француската Република (INSP), при што ќе биде потпишана Декларација за намери помеѓу Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија и Националниот институт за јавни служби на Француската Република.

Најнови вести од: Свет

ММФ предупредува: Конфликтот со Иран ја засилува инфлацијата и ги нарушува глобалните синџири на снабдување

Не е веќе прашање дали војната на Блискиот Исток ќе ја погоди светската економија, туку колку длабоко и колку долго. Најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд, објавена на 30 март и потпишана и од главниот економист Пјер-Оливие Гуринша, испраќа една јасна порака: ако кризата во Заливот продолжи да ги нарушува испораките на нафта, гас и ѓубрива, светот ќе се соочи со повисоки цени и побавен раст. Фондот предупредува дека шокот е глобален, но нема да биде еднакво распределен, најсилно ќе ги погоди земјите што зависат од увоз на енергија, сиромашните економии и државите со слаб фискален простор.

To top