Свет

47 години гостопримство е завршено – остра порака од Иран до Трамп

Азизи иронично забележа дека Трамп „конечно го остварил својот сон за промена на режимот – но во поморскиот режим на регионот“.

Претседателот на Одборот за национална безбедност на иранскиот парламент, Ебрахим Азизи, упати остра порака до американскиот претседател Доналд Трамп, велејќи дека Иран повторно ќе го отвори Ормутскиот теснец, но под сосема нови услови.

„Ормутскиот теснец сигурно повторно ќе се отвори, но не за вас. Ќе биде отворен за оние кои ги почитуваат новите закони на Иран“, напиша Азизи на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека „47 години гостопримство е завршено засекогаш“, алудирајќи на периодот од Исламската револуција во 1979 година до денес.

Азизи иронично забележа дека Трамп „конечно го остварил својот сон за промена на режимот – но во поморскиот режим на регионот“.

Иранскиот парламентарен одбор за национална безбедност, исто така, одобрил план според кој Иран ќе почне да наплаќа такса на сите бродови што минуваат низ Ормутскиот теснец, објави полуофицијалната новинска агенција Фарс.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top