Свет

„Може да убиеме 100 Палестинци во една ноќ – никому не му е гајле“

Пратеник од израелскиот парламент и претставник на радикално десничарската ционистичка партија, Зви Сукот, неодамна изјави во живо на телевизија дека Израел убил повеќе од сто жители на Газа во текот на една ноќ и дека никому не му е гајле. За време на дебатата на израелскиот Канал 12 , Сукот изјави дека израелските безбедносни сили […]

Пратеник од израелскиот парламент и претставник на радикално десничарската ционистичка партија, Зви Сукот, неодамна изјави во живо на телевизија дека Израел убил повеќе од сто жители на Газа во текот на една ноќ и дека никому не му е гајле.

За време на дебатата на израелскиот Канал 12 , Сукот изјави дека израелските безбедносни сили се способни да дејствуваат во повеќе сектори истовремено и да користат сила каква што не можел ни да замисли кога оваа влада беше формирана пред повеќе од две години.

„Синоќа беа убиени речиси 100 жители на Газа. А прашањето што ми го поставивте нема никаква врска со Газа. Дали знаете зошто?

Затоа што никому не му е гајле. Сите веќе се навикнати на фактот дека можеме да убиеме 100 луѓе во Газа за една ноќ среде војна, а никому не му е гајле“, рече Сукот, очигледно алудирајќи на фактот дека развојот на настаните во војната, кои некогаш ќе предизвикаа голема врева и во Израел и во светот, сега минуваат без никаква значајна реакција, објавува „Тајмс оф Израел“.

Најнови вести од: Свет

Тајландски функционер убиен во неговата канцеларија од поранешен пратеник

Вооружен човек уби тајландски функционер во канцеларија на локалната самоуправа на периферијата на главниот град Бангкок во понеделникот, соопштија властите, неколку дена откако пукањето во училиште во истата покраина повторно ја разгоре дебатата за контрола на оружјето.

Дали британскиот премиер ќе поддржи создавање „Европска конфедерација“ што би ја вклучила и Македонија?!

Британскиот премиер Енди Бернам доби предлог од поранешен член на Конзервативната партија во оваа земја, за создавање „Европска конфедерација“ во која би била вклучена и Македонија.

Најголемата канадска провиција сака да е „отцепи“ и да стане дел од САД

Баба на четири деца, вели дека се приклучила на движењето за да ги заштити своите внуци од глобалните елити и нивниот наводен план за „нов светски поредок“. Таа не му верува на канадскиот премиер Марк Карни, но му верува на Доналд Трамп

САД и Кина во трка за освојување на јужниот пол на Месечината

Ривалството меѓу САД и Кина се префрла во вселената, каде што двете сили ја засилуваат трката за освојување на јужниот пол на Месечината и за воспоставување трајно човечко присуство надвор од Земјата.

„Политико“: Црна Гора и Исланд можат заедно во ЕУ, која отвара нова сцена за проширувањето

Исланд и Црна Гора би можеле истовремено да станат членки на Европската Унија, доколку Исланѓаните на референдумот на 29 август се изјаснат за повторно отворање на преговорите за членство, објави „Политико“, повикувајќи се на европски претставници и дипломати.

To top