Свет

Над 300 загинати во катастрофалните поплави на Суматра

Некои области на островот се речиси целосно блокирани

Бројот на жртви во поплавите и лизгањата на земјиштето по монсунските дождови на индонезискиот остров Суматра се искачи на 303, соопшти денеска Агенцијата за ублажување на последиците од катастрофи во таа држава.

Некои области на островот се речиси целосно блокирани поради оштетени патишта и прекинати комуникациски линии. Авионите за спасувачки операции доставуваат помош и залихи во тешко погодениот округ Централен Тапанули во покраината Северна Суматра, како и во други области. Спасувачките операции се отежнати поради оштетените мостови и патишта, како и поради недостигот на тешка опрема.

Монсунските дождови во последната недела предизвикаа излевање на реките во покраината Северна Суматра. Поплавите го опустошија планинското село, однесоа илјадници куќи и згради, соопшти Националната агенција за управување со катастрофи. Близу 3.000 семејства кои останаа без своите домови, се евакуирани и им е обезбедено засолниште од државата.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top