Свет

Најмалку 13 загинати во поплавите во Виетнам, спасувачките операции на терен

Виетнамската метеоролошка служба соопшти дека разорните бури биле предизвикани од судир помеѓу студени воздушни маси од север и топли и влажни воздушни маси кои доаѓаат од морето. Метеоролозите предупредуваат дека силните врнежи во некои области на Централен Виетнам може да продолжат до 4 ноември, а на места се очекува да наврнат над 700 милиметри дожд. 

Најмалку 13 лица загинаа, 11 се водат како исчезнати, а десетици илјади се евакуирани поради поплавите и одроните во Централен Виетнам, предизвикани од рекордните врнежи кои траеја неколку дена.

Спасувачките операции денеска се забрзаа, откако надојдените води почнаа да се повлекуваат, овозможувајќи им на специјализираните тимови да стигнат до некои изолирани области. Близу 26.000 луѓе беа евакуирани од тешко погодените и од зоните загрозени од одрони.

Виетнамската Влада испрати хеликоптери и војници за да достават храна, лекови и други залихи до настраданите од водената стихија. Во тек е санирање на домовите, расчистување на остатоците и преземање дополнителни мерки за спречување на нова катастрофа. Продолжува работата за обнова на патиштата и далноводите, а се вршат и поправки на училишните згради. Предвидено е утре да се делат пакети со ориз.

Денеска беше обновено движењето на возовите на клучната железничка линија меѓу Ханој и Хошимин, која беше затворена три дена. Стотици железничари цела ноќ ги санираа оштетените делници и ги зацврстуваа шините.

Ситуацијата во тешко погодените крајбрежни градови Хуе и Дананг веќе се подобрува, но таму сè уште има многу поплавени области и се очекува надојдените води да се задржат во следните два дена.

Од почетокот на поројните дождови на 26 октомври, поплавите и одроните предизвикаа штети на илјадници домови и уништија инфраструктурни објекти низ целиот регион. Според официјалните податоци, околу 120.000 домови во Централен Виетнам се поплавени, 56 се целосно уништени, а 147 се сериозно оштетени.

Во вторникот во Хуе беше регистрирано рекордно количество врнежи од 1.085 милиметри за 24 часа. Тоа е најголемото количество дожд за едно деноноќие, измерено досега во Виетнам.

Виетнамскиот премиер Фам Мин Чин нареди да се преземат итни мерки за санација на штетите и да се гарантира дека сите погодени луѓе имаат храна и засолниште.

Виетнамската метеоролошка служба соопшти дека разорните бури биле предизвикани од судир помеѓу студени воздушни маси од север и топли и влажни воздушни маси кои доаѓаат од морето. Метеоролозите предупредуваат дека силните врнежи во некои области на Централен Виетнам може да продолжат до 4 ноември, а на места се очекува да наврнат над 700 милиметри дожд.

Најнови вести од: Свет

Нафтата повторно поминува низ Ормуската теснина, сообраќајот се врати на 70% од предвоеното ниво

Сообраќајот на нафта низ Ормускиот теснец значително се опорави и моментално е помеѓу 65 и 70 проценти од нивото пред почетокот на војната со Иран, според аналитичката фирма „Вортекса“.

Унгарскиот парламент му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Истрага за телефон фрлен во Дунав, сомневања за корупција и политички обвинувања – унгарскиот парламент отвори пат за продолжување на три одделни случаи, но конечниот збор за евентуалната одговорност допрва треба да го дадат надлежните институции

Парлaментот му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Парламентарниот имунитет служи за заштита на пратениците од политички прогон, овозможувајќи им слободно да ги извршуваат своите должности и да ги изразуваат своите ставови без страв од апсење или правни постапки од страна на властите

To top