Свет

Најмалку девет убиени и 25 ранети во масовно пукање во училиште во Канада

Осомничениот напаѓач бил пронајден мртов по „самонанесена повреда“, соопшти полицијата. Според неофицијални податоци се работи за жена со кафеава коса облечена во фустан

Осомничениот беше опишан како жена со кафеава коса облечена во фустан

 

Најмалку девет лица се смртно застрелани  во средно училиште и во соседна куќа планински град во канадската покраина Британска Колумбија, во најсмртоносното пукање во училиште во земјата во последните децении, јави Си-Ен-Ен.

Полицијата пронајде шест мртви лица и десетици повредени откако реагираше на пријавите за пукање во училиштето во гратчето Тамблер Риџ, околу 13:20 часот по локално време вчера.

Уште едно лице почина додека се транспортираше во болница, соопшти Кралската канадска коњаничка полиција (RCMP).

Уште две лица беа пронајдени мртви во дом за кој се верува дека е поврзан со инцидентот, соопшти полицијата во соопштение.

Осомничениот стрелец беше пронајден мртов во училиштето со „она што изгледа како самонанесена повреда“, соопшти полицијата.

Осомничениот беше опишан како жена со кафеава коса облечена во фустан, во итен аларм што се испрати на телефоните на жителите, според CBC News, филијала на CNN.

Две жртви беа префрлени со хеликоптер од училиштето во болница со сериозни или животозагрозувачки повреди.

Околу 25 други лица со повреди кои не се животозагрозувачки се лекуваат во локален медицински центар, соопшти полицијата.

Средното училиште „Тамблер Риџ“ има 175 ученици од 7 до 12 одделение

Полицијата сè уште не го утврдила мотивот за пукањето, изјави началникот Кен Флојд, командант на Северниот округ, на прес-конференција во вторник.

„Сега не сме во состојба да разбереме зошто или што можело да ја мотивира оваа трагедија“, рече Флојд.

„Мислам дека ќе се мачиме да утврдиме „зошто“, но ќе се потрудиме најдобро што можеме да утврдиме што се случило“, додаде тој.

Најнови вести од: Свет

Тројца добитници ја делат Нобеловата награда за медицина

Nаучниците Карл Дајсерот, Петер Хегеман и Георг Нагел за развојот на оптогенетиката, метод што им овозможи на научниците прецизно да ја контролираат активноста на одредени нервни клетки во мозокот со помош на светлина

Холдер: Американски интерес е Македонија да се приклучи кон ЕУ

Идниот амбасадор одговори потврдно на прашањето на член на член на Комитетот за надворешни работи на Сенатот за време на сослушувањето дека во американски интерес е Македонија да успее да се приклучи кон ЕУ

Трамп: Знам повеќе за сè од кој било друг во светот

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста со невообичаено фалење на предизборен митинг во Алабама, во пресрет на претстојните избори на средината на мандатот, тврдејќи пред собраните поддржувачи дека знае повеќе за сите можни теми од кој било човек во светот.

Најнови вести

To top