Свет

Не за затвор што ќе го чуваат крокодили

Според идејата, ров полн со крокодили требало да служи како дополнителна одбрана од можни обиди за бегство

Израелски суд привремено го блокираше планот на министерот за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, да го опколи затворот „Кезиот“ со крокодили.

Итамар Бен-Гвир, познат по своите екстремни политички позиции, излезе со идеја за изградба на ров со крокодили околу затворот „Кезиот“, кој се наоѓа во пустината Негев и каде што голем број палестински затвореници ги издржуваат своите казни. Според идејата, животинската бариера требало да служи како дополнителна одбрана од можни обиди за бегство, пишуваат медиуми.

Безбедносните експерти и зоолозите изразија сериозни сомнежи за изводливоста на проектот. Крокодилите се ладнокрвни влекачи кои на ниски температури влегуваат во состојба на летаргија, а ноќите во пустината Негев се екстремно ладни, што би ги направило „живите чувари“ целосно неактивни поголемиот дел од денот.

Организацијата за заштита на животните „Let the Animals Live“ („Дозволете им на животните да живеат“) поднесе жалба, наведувајќи дека употребата на крокодили за безбедносни цели ги крши законите за благосостојба на животните, ги затвора во несоодветни средини и ги изложува на стрес и опасност.

Судот ја уважи тужбата на „Дозволете им на животните да живеат“ и издаде привремена забрана (одложување на извршувањето) до одржување на целосно рочиште за случајот и поднесување мислења од надлежните органи за животна средина и судски органи.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top