Свет

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Голем број демонстранти се собраа во градскиот парк Малијевелд, во Хаг, за да ја изразат својата поддршка за Хашим Тачи и другите водачи на ОВК, а немирите избувнаа кратко по објавувањето на пресудата, објави порталот АД.

Демонстрантите скандираа и фрлаа разни предмети кон полициските сили распоредени во Малијевелд, а некои дури и се качија на полициско комбе. Полицијата употреби палки и бибер спреј, а неколку демонстранти беа уапсени.

Членови на полициската интервентна единица беа распоредени за да ги спречат демонстрантите да се упатат кон други градски плоштади, а беа употребени и водени топови. Во близина на Малијевелед имало голем број автомобили со албански знамиња, објавува Nurdsholand dagblad.

Денеска Специјализираниот совет за Косово во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК, Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими, на вкупно 81 година затвор за воени злосторства на територијата на Косово и Албанија. Хашим Тачи и Јакуп Красниќи беа осудени првостепено на казна затвор од по 25 години, Весели на 18 години, а Селими на 13 години затвор.

Видео

Најнови вести од: Свет

Родители во САД го тужат Гугл: „Нашата 13-годишна ќерка Ема планираше самоубиство со помош на вештачка интелигенција!“

Родители на 13-годишно девојче го тужат Гугл, тврдејќи дека нивната ќерка ја користеше технологијата за вештачка интелигенција на компанијата, преку училиштен компјутер, за да испланира самоубиство и сопствен погреб. Тужбата, поднесена во понеделникот, на 2 ноември, пред суд во Калифорнија, се смета за прв случај во кој Гугл се обвинува за невнимание во врска со функциите за пребарување базирани на вештачка интелигенција, кои се достапни на училишните уреди „Chromebook“, пишува Euronews.

To top