Свет

Нетанјаху: Измислица се тврдењата за непријателство кон христијаните во Израел

Тврди дека Израел е единственото место во регионот каде што христијаните „напредуваат“, додека во соседните арапски земји биле „угнетувани, задушувани, а понекогаш и масакрирани“

 

 

Во интервју за американската телевизиска мрежа Си-Би-Ес, Нетанјаху ги опиша серијата неодамнешни документирани антихристијански инциденти како изолирани инциденти и нагласи дека Израел ги штити христијаните и ги цени своите заеднички корени.

Нетанјаху одговараше на прашања за серија инциденти како што беше забраната за влез на латинскиот патријарх од Ерусалим во Црквата на Светиот Гроб за време на Велигден, видео од израелски војник кој крши статуа на Исус во јужен Либан, напад врз калуѓерка во Стариот град на Ерусалим.

Нетанјаху ги опиша обвинувањата како „неверојатна измислица“. Тој тврди дека Израел е единственото место во регионот каде што христијаните „напредуваат“, додека во соседните арапски земји биле „угнетувани, задушувани, а понекогаш и масакрирани“.

Тој го наведе Витлеем, родното место на Исус на Западниот Брег, како пример, за кое тврди дека имало 80 проценти христијанско население под израелска контрола, додека под палестинската власт тој процент паднал на 20 проценти, со 80 проценти муслимани.

На прашањето дали сите споменати инциденти се само аномалии, премиерот одговори: „Ова не се само аномалии. Ова се дела што се спротивставуваат на нашето почитување на христијанството“.

Тој, за случајот на војникот што го урна распетието рече дека е во затвор. А, човекот што нападна калуѓерката е на суд.
Што се однесува до патријархот на кого му беше забранет влез во споменаттаа црква, Нетанјаху рече дека тој „веднаш интервенирал и ги отворил вратите“.

Премиерот уште додаде дека „Израел е единствената земја на Блискиот Исток што ги штити христијаните, што ги цени и го прифаќа христијанството. Имаме заеднички корени и тоа го цениме. Постои обид да се фалсификува не само нашата заедничка историја, туку и актуелните настани, со цел да се искористат овие несогласувања и да се претстават како израелска политика. Тоа е смешно“, заклучи тој.

Израелски војник искрши статуата на Исус со чекан во Либан (ВИДЕО)

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

Бардела: Нашите европски партнери треба да престанат да купуваат американски „Ф-35“ и да почнат да купуваат „Рафал“

Бардела нагласува дека Франција треба да остане верна на нуклеарната доктрина развиена од поранешниот претседател Шарл де Гол, според која „виталните интереси на Франција не завршуваат на нејзините граници“.

Две третини од увозот на течен природен гас во Европа доаѓа од САД

Увозот на течен природен гас од САД е обично поскап од гасот што се испорачува преку цевковод, а заменувањето на зависноста од рускиот гас со голема зависност од друг единствен снабдувач би можело да ја изложи Европа на идна политичка и пазарна нестабилност

To top