Свет

Нетанјаху му се закани на иранскиот лидер

„Не би издал ‘животно осигурување’ на ниту еден од водачите на терористичката организација“, изјави израелскиот премиер

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху упати прикриена закана дека ќе го ликвидира новиот врховен лидер на Иран Мојтаба Хамнеи, пренесува Ројтерс.

Трамп: Верувам дека е жив, во некоја форма

На својата прва прес-конференција од почетокот на војната, израелскиот лидер рече дека Иран „повеќе не е ист“ по речиси две недели бомбардирање и дека Техеран претрпел напади врз својот елитен корпус на Исламската револуционерна гарда и паравоените сили.

Тој вети дека ќе продолжи со нападите i против либанскиот Хезболах откако групата поддржана од Иран отвори оган на 2 март за да се одмазди за атентатот на Израел на иранскиот врховен водач Али Хамнеи – таткото на Моxтаба Хамнеи – на почетокот на војната.

„Не би издал животно осигурување на ниту еден од водачите на терористичката организација. Нема да дадам точен извештај овде за тоа што планираме или што ќе правиме“, рече тој одговарајќи на прашање.

Сепак, тој призна дека заедничката воздушна војна на Израел со САД можеби нема да ја собори владата во Техеран.

Додека зборуваше Нетанјаху, предупредувањата за ирански ракетен оган  можеа да се слушнат низ поголемиот дел од централен Израел.

Најнови вести од: Свет

(Видео): Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

Украинските власти подготвуваат алтернативни начини за поврзување на двата брега на Киев во случај мостовите преку Днепар да бидат оштетени во руските напади. Планот вклучува понтонски премини и насипи, а на подолг рок се разгледува и можноста за изградба на тунел под реката. Целта е, во случај на оштетување или затворање на постоечките мостови, да се овозможи непречено поврзување на левиот и десниот брег на Киев.

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top