Свет

Нова победа за Трамп: Кина отстапува во трговската војна

Во документот објавен од Белата куќа, отстапките на Кина се претставени како значителна победа што ја заштитува економската моќ и националната безбедност на Соединетите Американски Држави.

Кинеската влада ќе ги укине ограничувањата за извозот на критични минерали, ќе го запре протокот на хемикалии кон Северна Америка што се неопходни за производство на фентанил и ќе обезбеди континуиран проток на полупроводници за автомобилската индустрија, соопшти Белата куќа, детално опишувајќи го договорот постигнат од преговарачите на двете земји во четвртокот во Јужна Кореја, пренесува Политико денеска.

Како што изјави американскиот министер за финансии Скот Бесант, договорот ги деескалира тензиите меѓу двете држави и, во суштина, воведува едногодишно примирје во нивните односи почнувајќи од следната недела.

Во документот објавен од Белата куќа, отстапките на Кина се претставени како значителна победа што ја заштитува економската моќ и националната безбедност на Соединетите Американски Држави.

Според Политико, исходот од состанокот меѓу лидерите Си Џинпинг и Доналд Трамп означува решителна победа за агресивната царинска политика на американскиот претседател, иако средбата резултираше со компромиси и кревко примирје во билатералните односи, наместо со долгорочен трговски договор, пренесува Танјуг.

Сепак, кинеските „јастреби“ се загрижени дека ништо не го спречува Пекинг да се повлече од договорот доколку оцени дека тој повеќе не одговара на неговите интереси, истакнува порталот.

Кина ќе издава општи лиценци за извоз на ретки земни метали, галиум, германиум, антимон и графит, важечки за крајните корисници во САД, како и за нивните добавувачи ширум светот, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Ова претставува поволна вест за американските граѓани и за одбранбената индустрија, која се потпира врз овие елементи во производствениот процес.

Белата куќа, исто така, соопшти дека Пекинг ќе преземе значајни мерки за да го запре протокот на фентанил кон САД, како и строга контрола врз извозот на други хемикалии кон сите дестинации во светот, без да прецизира за кои точно материјали станува збор.

Кинеската влада, дополнително, се согласи да ги поништи неодамнешните одлуки на полупроводничката компанија Wingtec Technology за блокирање на извозот на клучни компоненти кон нејзината холандска подружница Nexperia.

Тоа предизвика криза во снабдувањето со чипови што сега влијае врз глобалната автомобилска индустрија, поради што холандската влада ја презеде контролата врз компанијата во септември.

Според Белата куќа, Пекинг ќе преземе мерки за да обезбеди континуирана трговија од фабриката на Nexperia во Кина, што ќе овозможи чиповите да стигнат до остатокот од светот.

Сепак, Пекинг во изјавата за работењето на Nexperia навести дека двете страни можеби не се во целосна согласност околу решавањето на проблемот со снабдувањето со чипови.

Сакам да истакнам дека несоодветното мешање на холандската влада во корпоративните работи го попречи глобалното производство и синџирот на снабдување, изјави портпаролот на кинеското Министерство за трговија.

Најнови вести од: Свет

Нафтата во Дубаи скокна до небо – се искачи на рекордни 166 долари за барел

Иако глобалното референтно ниво на цените на нафтата растеше побавно отколку во Дубаи или Оман, сепак претрпе силен шок. Од почетокот на војната до среда, цената на нафтата Брент за мај се зголеми за повеќе од 48%. Од почетокот на годината до денес, растот е повеќе од 76%.

Почина Чак Норис на 86 години, откако итно бил хоспитализиран во Хаваи

Американскиот актер познат по своите боречки улоги и шегите за неговата моќ кои беа бесконечни, почина на 86-годишна возраст, потврди семејството: „Со тешко срце нашето семејство ја споделува веста за ненадејното починување на нашиот сакан Чак Норис“.

Нетанјаху вчера тврдеше дека „Исус Христос нема предност над Џингис-кан“ а денес се правда дека „немал намера да го навреди Исус Христос“!

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека „немал намера да го навреди Исус Христос“ во своето телевизиско обраќање, откако неговите зборови за војната со Иран предизвикаа негативни реакции во јавноста.  Во говорот одржан синоќа, Нетанјаху посочи дека „историјата покажува дека Исус Христос нема предност над Џингис-кан, бидејќи ако сте доволно силни, немилосрдни и моќни, злото може да го надвладее доброто“. Тој нагласи дека станува збор за толкување на историчарот Вил Дјурент, а не за негов личен став.

ЕУ: Војната во Иран не е наша, за Украина нема 90 милијарди евра помош

Две војни на прагот на Европа го засенија вчерашниот 12-часовниот самит на лидерите на Европската Унија, но наместо да преземат конкретни чекори, тие останаа парализирани, неспособни да направат какво било значајно влијание врз кој било од конфликтите

Трмп добива златник со неговиот лик

Златната монета од 24 карати е најновиот обид на Трамп и неговите сојузници да го стават името на претседателот на зградите, владините програми и американската валута откако тој го започнува својот втор мандат во Белата куќа во јануари 2025 година.

Најнови вести

To top