Свет

Пакистан го предлага Трамп за Нобелова награда за мир

Пакистан во објава на X соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да ја добие Нобеловата награда за мир во 2026 година „како признание за неговата одлучна дипломатска интервенција и клучно водство за време на неодамнешната индиско-пакистанска криза“, јавија медиуми Но, Индија, вклучувајќи го и премиерот Нарендра Моди, тврди дека прекинот на огнот меѓу Њу […]

Пакистан во објава на X соопшти дека американскиот претседател Доналд Трамп треба да ја добие Нобеловата награда за мир во 2026 година „како признание за неговата одлучна дипломатска интервенција и клучно водство за време на неодамнешната индиско-пакистанска криза“, јавија медиуми

Но, Индија, вклучувајќи го и премиерот Нарендра Моди, тврди дека прекинот на огнот меѓу Њу Делхи и Исламабад е резултат на директни воени разговори и дека Вашингтон никогаш не бил вклучен во медијација.

Трамп во петокот го повтори своето тврдење дека посредувал меѓу Индија и Пакистан и се пожали дека нема да биде почестен со Нобелова награда за мир за „запирање“ на можна војна меѓу двете земји минатиот месец.

Тој вели дека е заслужен за 4-5 Нобелови награди за мир, но е сигурен дека нема да му биде доделена.

„Нема да добијам Нобелова награда за запирање на војната меѓу Индија и Пакистан. Нема да добијам Нобелова награда за запирање на војната меѓу Србија и Косово, нема да добијам Нобелова награда за мир за одржување на мирот меѓу Египет и Етиопија и нема да добијам Нобелова награда за мир за спроведување на договори на Блискиот Исток…“, објави Трамп на својата платформа на социјалните медиуми, Truth Social.

„Не, нема да добијам Нобелова награда за мир, без разлика што ќе направам, вклучувајќи ги Русија/Украина и Израел/Иран, какви и да се тие исходи, но луѓето знаат и тоа е сè што ми е важно!“, додаде тој.

 

Најнови вести од: Свет

Трамп за идејата Канада да стане придружна членка на ЕУ: Смешно – тогаш ќе уследат многу сериозни царини!

Американскиот претседател Доналд Трамп ѝ се закани на Европската Унија со високи царини доколку процени дека приближувањето на Канада кон Унијата е непријателски потег кон САД, објави Политико.

Немири во Хаг по пресудата за водачите на косовската УЧК – неколку демонстранти уапсени (Видео)

Неколку лица се уапсени за време на немирите за време на протестот во Хаг во поддршка на водачите на УЧК кои денеска беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства. Холандската полиција беше принудена да употреби палки, бибер-спреј и водени топови, за да ги контролира демонстрантите, пренесуваат холандските медиуми.

Најнови вести

To top