Свет

Папата ги осуди злоупотребите низ целиот свет и жали за убиените новинари

Го одбележа Светскиот ден на слободата на медиумите

Папата Лав XIV го одбележа Светскиот ден на слободата на медиумите денеска со осуда на злоупотребите низ целиот свет и оддавајќи им почит на новинарите убиени додека известуваат во конфликтни зони.

На крајот од својата неделна неделна молитва на плоштадот Свети Петар, римскиот папа рече дека меѓународниот ден ја истакнува важноста на независното новинарство и растечките закани со кои се соочуваат оние во професијата.

„Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на печатот. За жал, ова право редовно се крши, понекогаш на флагрантен, а друг пат на посуптилен начин“, рече тој.

Папата ги повика верниците да се сетат на новинарите и репортерите кои ги загубија своите животи во потрагата по вистината, особено во областите погодени од конфликти.

„Денес се сеќаваме на многуте новинари и репортери кои станаа жртви на војни и насилство“, истакна тој.

Светскиот ден на слободата на медиумите, кој се слави секоја година на 3 мај од страна на УНЕСКО, има за цел да изрази поддршка за медиумите кои се под притисок или цензура и да го почитува споменот на новинарите кои загинале при вршење на своите должности.

Во претходните говори, поглаварот на Римокатоличката црква ги дефинираше новинарите како еден од темелите на општеството и демократијата. Според него, информациите се јавно добро кое мора да се брани од манипулации.

Тој често им се заблагодарува на новинарите за споделувањето на вистината и вели дека работата што ја работат никогаш не може да се смета за кривично дело. Покрај тоа, папата редовно повикува на ослободување на сите новинари кои се неправедно притворени или прогонувани. 

Најнови вести од: Свет

(Видео): Руски дрон го погоди Северниот мост во Киев додека по него се движеа автомобили

Украинските власти подготвуваат алтернативни начини за поврзување на двата брега на Киев во случај мостовите преку Днепар да бидат оштетени во руските напади. Планот вклучува понтонски премини и насипи, а на подолг рок се разгледува и можноста за изградба на тунел под реката. Целта е, во случај на оштетување или затворање на постоечките мостови, да се овозможи непречено поврзување на левиот и десниот брег на Киев.

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top