Свет

Папата Лав Четиринаесетти ја посети Сината џамија во Истанбул

Папата Лав Четиринаесетти денеска го почна вториот ден од престојот во Турција со посета на Сината џамија во Истанбул.

Папата Лав Четиринаесетти денеска го почна вториот ден од престојот во Турција со посета на Сината џамија во Истанбул.

Ватикан соопшти дека папата ќе одржи „кратка тивка молитва“ за време на посетата на Сината џамија. Тој за време на посетата е придружуван од раководителот на Дирекцијата за верски прашања на Турција, Дијанет, кој му ја покажа високата купола на објектот со сини плочки, пренесуваат светските ахгенции.

Папата Лав Четиринаесетти ги следеше чекорите на своите претходници, кои ја посетиле џамијата во знак на почит кон муслиманското мнозинство во Турција.

Ова е прва негова посета на некоја странска земја, а по Турција, ќе отпатува во Бејрут. Папата Лав Четиринаесетти ја избра Турција како своја прва дестинација надвор од Италија за да ја одбележи 1.700-годишнината од Никејскиот собор

Најнови вести од: Свет

Министерот Муцунски денеска во Париз

Во рамки на посетата, ќе оствари средби со министерот за Европа на Француската Република, Бенџамин Адад, како и со Бертран Бушвалтер, советник за континентална Европа и Турција на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон

ММФ предупредува: Конфликтот со Иран ја засилува инфлацијата и ги нарушува глобалните синџири на снабдување

Не е веќе прашање дали војната на Блискиот Исток ќе ја погоди светската економија, туку колку длабоко и колку долго. Најновата анализа на Меѓународниот монетарен фонд, објавена на 30 март и потпишана и од главниот економист Пјер-Оливие Гуринша, испраќа една јасна порака: ако кризата во Заливот продолжи да ги нарушува испораките на нафта, гас и ѓубрива, светот ќе се соочи со повисоки цени и побавен раст. Фондот предупредува дека шокот е глобален, но нема да биде еднакво распределен, најсилно ќе ги погоди земјите што зависат од увоз на енергија, сиромашните економии и државите со слаб фискален простор.

Рубио: НАТО ќе мора да се преиспита по војната со Иран

Американскиот државен секретар Марко Рубио остро ги критикуваше Шпанија и дел од другите сојузници во НАТО поради ограничената поддршка во војната против Иран, сугерирајќи дека Вашингтон по завршувањето на конфликтот можеби ќе ја преоцени својата улога во Алијансата.

To top