Свет

Бел чад на плоштадот „Свети Петар“ – избран е нов папа

Идентитетот на новиот папа е откриен. Тоа е Роберт Франсис Превост. Тој го земал името Лав XIV. Тој е Американец роден во 1955 година, а годинава полни 70 години. Поголемиот дел од својот свештенички живот го поминал надвор од Соединетите Американски Држави, претежно во Перу, каде што бил пастор, професор, едукатор и епископ. Ова го […]

Идентитетот на новиот папа е откриен. Тоа е Роберт Франсис Превост.

Тој го земал името Лав XIV.

Тој е Американец роден во 1955 година, а годинава полни 70 години.

Поголемиот дел од својот свештенички живот го поминал надвор од Соединетите Американски Држави, претежно во Перу, каде што бил пастор, професор, едукатор и епископ. Ова го прави еден од ретките американски кардинали со длабоко искуство во Латинска Америка.

Изборот на новиот папа се одржа на првиот целосен ден од гласањето од страна на 133-те кардинални електори.

Тој сега ќе го одржи своето прво јавно обраќање и благослов пред насобраните толпи на плоштадот „Свети Петар“.

Фактот дека на кардиналите им беа потребни само четири гласања за да изберат нов папа е „јасен знак за единството на Црквата“, изјави кардиналот Џузепе Версалди за продуцентката на „Our Europe“, Симоне Багливо, која е во Ватикан.

81-годишникот додаде: „Новиот папа беше избран дури и побрзо од неговиот претходник!“

Да се ​​напомене тука дека папата Франциск беше избран во рок од два дена во 2013 година, а на кардиналите им беа потребни пет круга гласање за да го изберат, објави Скај Њуз.  

 

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top