Свет

Папата Лав XIV го започна својот понтификат со моќни пораки

Новиот поглавар на Римокатоличката црква, папата Лав XIV во неделата во Ватикан го постави тонот за својот понтификат осудувајќи ја економијата што ја експлоатира природата и ги маргинализира сиромашните, зборувајќи пред десетици илјади луѓе и странски челници, меѓу кои и американскиот потпретседател ЏејДи Венс. „Во наше време, сè уште гледаме премногу раздор, премногу рани предизвикани […]

Новиот поглавар на Римокатоличката црква, папата Лав XIV во неделата во Ватикан го постави тонот за својот понтификат осудувајќи ја економијата што ја експлоатира природата и ги маргинализира сиромашните, зборувајќи пред десетици илјади луѓе и странски челници, меѓу кои и американскиот потпретседател ЏејДи Венс. „Во наше време, сè уште гледаме премногу раздор, премногу рани предизвикани од омраза, насилство, предрасуди, страв од другиот, со економската парадигма што ги експлоатира ресурсите на Земјата и ги маргинализира најсиромашните“, предупреди првиот американски папа, кој две децении и самиот живеел во сиромашен регион на Перу. Десет дена по неговиот избор за поглавар на католичката црква, со овие зборови тој ја потврди социјалната ориентација што има намера да ја даде на своето дело, откако го избра своето папско име во чест на Лав XIII (1878-1903), кој се смета за таткото на социјалната доктрина на католичката црква кој ја осудувал експлоатацијата на работниците кон крајот на XIX век. Папата Лав XIV, славејќи ја својата инаугуративна литургија. вети дека ќе ги заштити учењата на католичката црква, а воедно ја повика директно да се соочи со современите предизвици. Обраќајќи се пред илјадници луѓе на Плоштадот на свети Петар, папата ја нагласи потребата црквата, која брои 1,4 милијарди членови, да остане вкоренета во својата традиција без да се изолира, велејќи дека во иднината на институцијата нема место за религиозна пропаганда или игри на моќ. Исто така, предупреди против централизацијата на моќта во рамките на папството, велејќи дека ќе се стреми да владее „без никогаш да се предаде на искушението да биде автократ“. За време на свечената литургија богата со ритуали и симболи на Плоштадот на свети Петар, Роберт Франсис Превост, избран на 8-ми мај, изгледаше трогнат кога ги прими папските симболи: палиумот, или лентата која се става над казулата, и неговиот личен Рибарски прстен, кој се уништува по смртта на секој папа. Изразувајќи ја својата „благодарност“, тој го нагласи „единството“ на црквата, повикувајќи на „милосрдие“ наместо „затворање на другите преку доминација, религиозна пропаганда или средства за моќ“.

Повик за градење мир

Пред церемонијата, 69-годишниот папа првпат се возеше во папамобилот сеќавајќи на својот пат околу 100.000 луѓе собрани на сончевиот плоштад, според италијанските проценките на власти. Стоејќи и насмеан, ѝ отпоздравуваше и ја благословуваше толпата коајшто му аплаудираше. Некои го извикуваа неговото име, други мавтаа со знамињата на своите земји или го снимаа со своите телефони. „Атмосферата е празнична и радосна, исполнета со надеж за подобра иднина“, изјави за AFP 31-годишниот Џовани Милано, сицилијанец. На Инасија Лисбоа, 71-годишна жена од Зелемно’ртските острови која живее во Рим, ѝ се допаѓа „харизмата“ на новиот папа, надевајќи се „дека тој ќе се моли за сите нас и за светскиот мир, кој ни е толку потребен“. Софија Трип, 20-годишна Американка која студира во Чикаго, очекува „да има повеќе товар на неговите рамена затоа што е Американец“. „Мислам дека ќе има повеќе внимание насочено кон него, можеби и некои критики, поради неговото минато“, предвидува таа. Папата во неделата, исто така, повика на „градење нов свет каде што владее мир“, порака што особено силно одекна кај присутните, вклучувајќи ги украинскиот претседател Володимир Зеленски и израелскиот претседател Исак Херцог, чии земји се вовлечени во војни. Меѓу другите високи гости на Плоштадот н свети Петар беа германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот премиер Франсоа Бајро, италијанската премиерка Џорџа Мелони и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Присутни се и претставници на европските кралски семејста, белгиските владетели Филип и Матилда, и шпанската кралска двојка Фелипе VI и Летиција, но исто така и на монегашката Алберт II и Шарлин. Како и при погребот на Франциско на 26-ти април, италијанските власти воведоа драстични безбедносни мерки за оваа церемонија, која беше емитувана низ целиот свет. Во текот на неговата прва седмица како папа, Лав XIV веќе ги искористи своите аудиненции за да ги упати своите први апели, од ослободување на затворени новинари до предлози за медијација меѓу завојуваните страни низ целиот свет. Во петокот, обраќајќи се пред дипломатскиот кор, тој повика на борба против „глобалните нееднаквости“ и „непристојните услови за работа“, бранејќи ја визијата за „семејство засновано на стабилна заедница меѓу маж и жена“.

Најнови вести од: Свет

Бројот на мртви во Иран се мери во илјадници, се користи сила без преседан, тврди Би-Би-Си

Американската новинска агенција Human Rights Activists News Agency (HRANA), која повеќе од 20 години ги следи протестите во Иран, наведува дека се убиени најмалку 2.000 луѓе, од кои 1.850 демонстранти. Претставници на агенцијата вчера изјавија дека дотогаш идентификувале околу 500 жртви и додадоа дека се уапсени повеќе од 16.000 демонстранти.

Европа се вооружуваа: „Ѕидови од дронови“ околу Русија

Европската Унија се соочува со најголемиот безбедносен предизвик од крајот на Студената војна: целосната руска инвазија врз Украина, комбинирана со намалена доверба во посветеноста на САД кон НАТО и континенталната безбедност.

To top