Свет

Пари од ЕУ фондови за обнова по пандемијата во Полска се трошеле на јахти и луксуз

Полското министерство за европски фондови прекина секакви плаќања од програмата на Европската Унија за финансирање на хотели, ресторани и културни простори. Оваа одлука следеше откако Иницијатива за транспарентност откри дека парите биле користени за јахти, вотка-барови и компанија регистрирана на истата адреса како и свингерски клуб, објавија локалните медиуми. Министерката за европски фондови, Катажина Пелчинска-Налеч, […]

Полското министерство за европски фондови прекина секакви плаќања од програмата на Европската Унија за финансирање на хотели, ресторани и културни простори. Оваа одлука следеше откако Иницијатива за транспарентност откри дека парите биле користени за јахти, вотка-барови и компанија регистрирана на истата адреса како и свингерски клуб, објавија локалните медиуми.

Министерката за европски фондови, Катажина Пелчинска-Налеч, најави дека нема да биде исплатен ниту еден злот додека не се проверат сите околу 2,400 субвенции, чија вкупна сума изнесува околу 1,2 милијарди злоти (282,3 милиони евра), пренесе „Политико“.

Досега се исплатени околу 110 милиони злоти (25,8 милиони евра), со што најголемиот дел од буџетот на програмата останува суспендиран.

Овие средства беа наменети за обнова на Полска по пандемијата и отворање нови работни места. Туск вети развој што сите ќе го почувствуваат. Она што го чувствуваме е огромен скандал и огромен долг што сите ќе мора да го исплатиме, се вели во изјавата на портпаролот на ПиС, Рафал Бохенек.

Најнови вести од: Свет

Никола Саркози ќе ја отслужи шестмесечната затворска казна по одлука на судот

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе мора да ја отслужи шестмесечната затворска казна откако Кривичниот суд одби да ја спои со казната што ја доби во случајот со прислушување, познат како „Бизмут“. Саркози бараше двете казни да бидат обединети за да не мора дополнително да ја издржува втората, со оглед на тоа што веќе ја отслужил првата. Сепак, судот ја одби оваа можност, со што шестмесечната казна останува на сила.

Ранет на самиот почеток, ловен до денес: Новиот лидер на Иран е жив, но невидлив

Новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, е ранет, се крие и сè уште не изговорил ниту збор јавно, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на информации од три ирански функционери и израелски разузнавачки извори.

Најнови вести

To top