Свет

Пет полицајци убиени во Пакистан

Нападот се случил во округот Карак во покраината што граничи со Авганистан

 

Терористичкиот напад врз нивното возило се случил во северозападната покраина Хајбер Пахтунхва во Пакистан, соопштија официјални лица.

Нападот се случил во округот Карак во покраината што граничи со Авганистан, според пакистанскиот министер за внатрешни работи Мохсин Накви.

Осудувајќи го нападот, Накви рече: „Нападот врз безбедносниот персонал е јасен чин на варварство од страна на брутални елементи“. „Жртвите нема да бидат залудни, земјата ќе одговори со полна сила“, додаде тој.

Голем број безбедносни лица се распоредени во областа за да бараат терористи чии напади станаа растечки проблем во последните години поради немирите и несигурноста во пограничната област.

 

 

Најнови вести од: Свет

(ВИДЕО) Предлогот за ,,Министерство за незадоволни жени“ донесе хаос и голема тепачка

Опозицијата предлага ,,Министерство за незадоволни жени“ со цел да се зголеми наталитетот по што што портпаролот на владата ги прашува дали и нивните мајки ќе бидат дел од него

To top