Свет

Во Австрија уапсен приврзаник на Исламска држава со потекло од Македонија

Според првичните информации, тој пребарувал на интернет како се прават експлозивни направи

 

18-годишник со потекло од Македонија е уапсен во австрискиот регион Штаерска, во градот Леобен, поради планирање на терористички напад, објавија австриските медиуми. 

Тој, според првичните информации, пребарувал на интернет како се прават експлозивни направи и правел планови како да нападне институции.

Полицијата соопшти дека уапсеното лице е приврзаник на терористичката организација Исламска Држава (ИД) и дека неговите планови биле сериозни.

По добивање на информации јавен обвинител наредил итно апсење на 18-годишникот, по што било утврдено каде тој се наоѓа.

Полицијата го уапсила во неделата, во близина на неговата куќа, веднаш по неговото враќање од патување во Македонија каде што бил заедно со своето семејство.

Тој негирал оти имал интенција да изврши напади, а според информациите, младиот Австриец со македонско потекло и бил познат на полицијата од претходно.

Минатата година, 19-годишен Австриец со потекло од Македонија беше уапсен оти планирал терористички напади за време на концертот на светската музичка ѕвезда Тејлор Свифт.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top