Свет

Путин: Нема докази дека Иран развива нуклеарно оружје

Русија постојано му кажува на Израел дека нема докази дека Иран се стреми да се здобие со нуклеарно оружје, изјави во саботата рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од „Скај њуз Арабија“, јавува Ројтерс. „Русија, како и МААЕ (Меѓународната агенција за атомска енергија), никогаш немале никакви докази дека Иран се подготвува да се здобие со нуклеарно […]

Русија постојано му кажува на Израел дека нема докази дека Иран се стреми да се здобие со нуклеарно оружје, изјави во саботата рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од „Скај њуз Арабија“, јавува Ројтерс.

„Русија, како и МААЕ (Меѓународната агенција за атомска енергија), никогаш немале никакви докази дека Иран се подготвува да се здобие со нуклеарно оружје, бидејќи постојано го известувавме израелското раководство“, изјави Путин, цитиран од „Скај њуз Арабија“.

Русија е подготвена да го поддржи Иран во развојот на мирна нуклеарна програма, рекол Путин, додавајќи дека Иран има право да го стори тоа.

Зборувајќи на економски форум во Санкт Петербург во петокот, Путин рече дека Русија ги споделува своите идеи за тоа како да се запре крвопролевањето во конфликтот Иран-Израел со двете страни.

Тој не даде детали за тие идеи.

Најнови вести од: Свет

Футуристички пиштол без звук и чад: Кина ја откри новата електромагнетна технологија

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

Светско предупредување: Војната ја турка инфлацијата кон 7%?!

Шефицата на ММФ се осврна и на фискалната политика, предупредувајќи дека владите мора да бидат внимателни да не ја комплицираат дополнително работата на централните банки со своите потези. Претставниците на ММФ, рече таа, веќе работат со поединечни влади на пакети за фискална поддршка кои треба да бидат привремени и јасно временски ограничени.

Најнови вести

To top