Свет

Рејтингот на Трамp на најниска точка

Четиридневната анкета, завршена во понеделник, покажа дека само 36% од Американците го одобруваат работењето на претседателот

Рејтингот претседателот Доналд Трамп падна во последните денови на најниската точка откако се врати во Белата куќа.
Причина за тоа се порастот на цените на горивата и широкото неодобрување на војната што ја започна против Иран, покажа анкета на Ројтерс/Ипсос.

Четиридневната анкета, завршена во понеделник, покажа дека само 36% од Американците го одобруваат работењето на Трамп, што е намалување од 40% .

Ставовите на Американците за Трамп значително се влошија во однос на неговото управување со економијата и трошоците за живот, бидејќи цените на бензинот скокнаа откако САД и Израел започнаа координирани напади врз Иран на 28 февруари.

Само 25% од испитаниците го одобрија начинот на кој Трамп се справува со трошоците за живот, прашање што беше во центарот на неговата претседателска кампања за изборите во 2024 година.

Само 29% од граѓаните го одобрува економското управување на Трамп, што е најнизок рејтинг во која било од претседателските администрации на Трамп и понизок од кој било економски рејтинг на неговиот претходник, демократот Џо Бајден.

Аналитичарите велат дека анкетата укажува дека Трамп се соочува со значителен јавен отпор.

Рејтингот на Трамп беше 47% во првите денови од неговото претседателствување, а од минатото лето во голема мера се задржа околу 40%.

Тој останува над најниската точка на популарност за време на неговата прва администрација од 33% и малку повисок од најниската точка , 35 % на која падна Бајден.

Најнови вести од: Свет

Чувајте дома храна за 3 дена, заедно со ќебиња, готовина, батериска ламба…

Кампањата „Биди подготвен“ (Be Ready) ги поттикнува граѓаните да направат залихи што ќе им овозможат да преживеат 72 часа без пристап до стандардните услуги и комунални добра, а иницијативата е покрената како одговор на растечката загриженост на властите во врска со последиците од климатската криза, зависноста од технологијата и заканите од непријателски настроени држави

Мерц со порака до Западниот Балкан: Ослободете се од минатото, ако сакате иднина во ЕУ!

Германскиот канцелар Фридрих Мерц повика земјите од Западен Балкан да не останат заробени во минатото, предупредувајќи дека поделбите и поларизацијата не придонесуваат за изградба на подобра европска иднина. Според Мерц, застојот во дијалогот меѓу Приштина и Белград го кочи целиот регион, поради што е неопходен итен напредок.

To top