Свет

Реката Сена отворена за капење првпат после цел еден век

Властите во Париз отворија три базени на Сена

Жителите на Париз и туристите од денска ќе можат да се капат во реката Сена, откако локалните власти ја укинаа забраната што беше во сила повеќе од еден век, објави ДПА.

Властите во Париз отворија три базени на Сена: еден во близина на Ајфеловата кула, другиот во близина на катедралата Нотр Дам и третиот спроти Националната библиотека на Франција.

Базените имаат соблекувални и тушеви, ќе бидат надгледувани од спасувачи и ќе нудат простор за сончање, се вели во соопштението на градот. Пристапот до нив е бесплатен до пополнување на капацитетите, но само за луѓе кои знаат да пливаат. Базените ќе бидат отворени во текот на целото лето, а квалитетот на водата ќе се следи постојано.

– Сите ќе можат да пливаат во Сена од ова лето – изјави француската министерка за спорт Мари Барсак кога одлуката беше објавена во мај.

Градоначалничката на Париз, Ан Идалго, рече дека базените се обид да се подобри квалитетот на животот во француската престолнина по очекуваното зголемување на летните температури поради климатските промени.

Капењето во Сена официјално беше забрането во 1923 година. Сена беше место каде се одвиваа натпреварите во триатлон и пливање на отворени води на Олимписките игри во Париз во 2024 година, откако беа потрошени повеќе од милијарда евра за подобрување на квалитетот на водата.

Најнови вести од: Свет

Ранет на самиот почеток, ловен до денес: Новиот лидер на Иран е жив, но невидлив

Новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, е ранет, се крие и сè уште не изговорил ниту збор јавно, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на информации од три ирански функционери и израелски разузнавачки извори.

Високиот ирански безбедносен функционер Лариџани му се закани на Трамп: Внимавајте да не бидете елиминиран!

Високиот ирански безбедносен функционер Али Лариџани упати остра порака до американскиот претседател Доналд Трамп, реагирајќи на неговите закани поврзани со можноста за блокирање на Ормускиот теснец.

To top