Македонија

Ѓорѓиевски: Скопје памети 83 години од црниот 11 март, кога 7.144 наши сограѓани беа однесени во Треблинка

Тие беа наши соседи, пријатели, еснафи – луѓе што со својата работа, култура и дух го градеа животот на Скопје.

 

Денес со тешко срце се сеќаваме на нашите 7.144 сограѓани македонски Евреи, кои на овој ден беа насилно одземени од своите домови, од своите семејства и од своето Скопје, испратени кон сигурна смрт во логорот Треблинка, објави на Фејсбук градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.
„Ова е болка што сè уште живее во сеќавањето на нашиот град.
Тие беа наши соседи, пријатели, еснафи – луѓе што со својата работа, култура и дух го градеа животот на Скопје.
Еден ден исчезнаа, а зад нив остана тишина што трае со децении.
 Трагедијата на Холокаустот е вечна опомена за човештвото и доказ колку ниско може да падне човекот кога омразата ќе стане идеологија, а злото политика.
Затоа нашата должност е да паметиме.
Да ја чуваме вистината.
И никогаш да не дозволиме темнината повторно да се врати.
Скопје никогаш нема да ги заборави своите сограѓани“, објави Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top