Свет

САД бараат смртна казна за Раул Кастро

Раул Кастро, 94, е помладиот брат на Фидел Кастро и официјално беше претседател на земјата од 2008 до 2018 година и лидер на Комунистичката партија на Куба од 2011 до 2021 година

Соединетите Американски Држави вчера покренаа обвиненија за убиство против поранешниот кубански претседател Раул Кастро (94), што претставува голема ескалација во кампањата за притисок на Вашингтон врз комунистичката влада на островот.

Обвинението означува ново дно во односите меѓу долгогодишните соперници од Студената војна и доаѓа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп се залага за промена на режимот на Куба, каде што комунистите на Кастро се на власт откако неговиот покоен брат Фидел Кастро ја предводеше револуцијата во 1959 година, јавува Ројтерс

Обвинението е поврзано со инцидент од 1996 година, кога кубанските борбени авиони МиГ соборија два цивилни авиони „Цесна“ што им припаѓаа на кубански дисиденти од Мајами, при што загинаа четири лица, од кои тројца беа американски државјани.

Во тоа време, Раул Кастро беше министер за одбрана на Куба и, според американските власти, тој ја дал наредбата за нападот. Нападот се случил над меѓународни води.

Обвинителството бара смртна казна за Раул Кастро, објави Министерството за правда на САД.

Раул Кастро, 94, е помладиот брат на Фидел Кастро. Откако Фидел сериозно се разболе, Раул ја презеде земјата – тој стана привремен лидер на Куба од 2006 година, официјално беше претседател на земјата од 2008 до 2018 година и лидер на Комунистичката партија на Куба од 2011 до 2021 година, кога официјално се пензионираше и му ја предаде власта на сегашниот претседател, Мигел Дијаз-Канел.

Мигел Дијаз-Канел денес изјави дека обвиненијата против Раул Кастро „немаат правна основа“ и нивната цел е да ја оправдаат неодговорната воена агресија против земјата.

САД ќе подигнат обвинение против кубанскиот лидер Раул Кастро

Најнови вести од: Свет

Нафтата повторно поминува низ Ормуската теснина, сообраќајот се врати на 70% од предвоеното ниво

Сообраќајот на нафта низ Ормускиот теснец значително се опорави и моментално е помеѓу 65 и 70 проценти од нивото пред почетокот на војната со Иран, според аналитичката фирма „Вортекса“.

Унгарскиот парламент му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Истрага за телефон фрлен во Дунав, сомневања за корупција и политички обвинувања – унгарскиот парламент отвори пат за продолжување на три одделни случаи, но конечниот збор за евентуалната одговорност допрва треба да го дадат надлежните институции

Парлaментот му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар

Парламентарниот имунитет служи за заштита на пратениците од политички прогон, овозможувајќи им слободно да ги извршуваат своите должности и да ги изразуваат своите ставови без страв од апсење или правни постапки од страна на властите

To top