Свет

САД го продолжи царинското „примирје“ со Кина за уште 90 дена

Во спротивно американските царини за кинески стоки ќе скокнат на 145%, а кинеските ќе достигнат 125%.

Американскиот претседател  потпиша извршна наредба со која се продолжува паузата на значително повисоките американски царини за кинескиот увоз за уште 90 дена, објави Ројтерс.

Царинското примирје меѓу Пекинг и Вашингтон требаше да истече денеска , 12 август, но администрацијата на Трамп навести дека рокот може да се продолжи.

Неколку часа претходно, Трамп избегна прашање дали ќе го продолжи рокот од 12 август за повисоки американски царини за кинески стоки.

„Ќе видиме што ќе се случи“, рече тој на 11 август, фалејќи  ја соработката на Кина во преговорите со САД.

„Како што веројатно сте слушнале, тие плаќаат огромни царини на Соединетите Американски Држави“, рече Трамп на прес-конференцијата во Белата куќа. „Тие се однесуваат доста добро кон нас“, рече тој, додавајќи дека има добри односи со кинескиот претседател Си Џинпинг.

„Примирјето“ меѓу Пекинг и Вашингтон истекува на 12 август, но администрацијата на Трамп навести дека рокот може да се продолжи.

Доколку тоа не се случи, американските царини за кинески стоки ќе скокнат на 145%, а кинеските ќе достигнат 125%.

Во мај, двете земји прогласија примирје во нивниот трговски спор по разговорите во Женева, Швајцарија, согласувајќи се на период од 90 дена за да се овозможат понатамошни преговори.

 

Најнови вести од: Свет

Гасот ја засени нафтата, станува главен ризик за инфлацијата во Европа

Природниот гас ја престигна нафтата и стана најголемата грижа за трговците со европски обврзници, бидејќи намалените залихи на клучното гориво се закануваат повторно да ја поттикнат инфлацијата.

Германска банка под истрага, осомничена е за финансирање на еден од најголемите бордели во Европа

Германската регионална банка „Волксбанк Келн Бон“ е под истрага бидејќи во 2021 година одобрила кредит на кинескиот бизнисмен Ху Јинг за купување на еден од најголемите бордели во Европа, „Паша“ во Келн.

Катастрофални поплави меѓу Непал и Тибет: луѓе бегаат панично и огромна маса од вода и карпи се урива врз нив!

Најмалку 22 лица загинаа, а стотици се водат како исчезнати по разурнувачката поројна поплава, што денеска го погоди северен Непал, во близина на границата со Тибет.

To top