Свет

САД ќе го бранат „секој сантиметар од територијата на НАТО“

Ова се чини дека има за цел да ги смират сојузниците на САД во НАТО откако американскиот претседател Доналд Трамп во четврток изјави дека наводниот руски упад со беспилотни летала во Полска можеби бил грешка

Ова го изјави в.д. амбасадорка на САД во Обединетите нации Дороти Шеа пред 15-члениот Совет за безбедност, во врска со навлегувањето на руските дронови во Полска.

„Соединетите држави се со нашите сојузници во НАТО во услови на овие алармантни нарушувања на воздушниот простор“, речаа таа.

Ова се чини дека има за цел да ги смират сојузниците на САД во НАТО откако американскиот претседател Доналд Трамп во четврток изјави дека наводниот руски упад со беспилотни летала во Полска можеби бил грешка, објави Ројтерс.

Шеа, исто така, истакна дека Русија ја засилила својата кампања за бомбардирање во Украина откако Трамп се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска, како дел од неговите напори да посредува за завршување на повеќе од тригодишната војна на Москва во Украина.

„Овие дејствија, сега покрај нарушувањето на воздушниот простор на сојузник на САД – без разлика дали се намерни или не – покажуваат огромно непочитување кон добронамерните напори на САД да го прекинат овој конфликт“, рече Шеа.

Полска во среда собори беспилотни летала во својот воздушен простор и тврди дека тоа не било грешка:

„Знаеме, и повторувам, знаеме дека не беше грешка“, изјави полскиот државен секретар Марчин Босацки пред Советот. Тој покажа фотографии од соборениот дрон, на кои се гледаат руски натписи на деловите од дронот. „Полска нема да биде заплашена“.

Русија изјави дека нејзините сили ја напаѓале Украина во времето на упадите со беспилотни летала и немале намера да погодат цели во Полска.

„Немало одредени цели на полска територија“, изјави рускиот амбасадор во ОН, Василиј Небензија, пред Советот. „Максималниот дострел на беспилотните летала што се користеа во овој напад не надминуваше 700 километри, што го прави физички невозможно да стигнат до полска територија.“

Тој рече дека Москва е подготвена да разговара со Полска „доколку полската страна е навистина заинтересирана за намалување на тензиите, а не за нивно разгорување“.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top