Свет

САД предупредуваат на радикалнo намалувањe во учеството во НАТО

Вашингтон сака сака да ја пренесе конвенционалната одбрана на Европа во поголема мера на европските земји

 

Соединетите Американски Држави планираат значително да го намалат својот воен придонес во НАТО и да префрлат голем дел од одбраната на Европа на своите европски сојузници, објавува „Шпигел“, повикувајќи се на затворен брифинг во седиштето на алијансата што го одржал претставник на министерот за одбрана Пит Хегсет.

Според публикацијата, Вашингтон има намера да го преиспита своето учество во „моделот на сили на НАТО“ и веќе ги повика сојузниците што е можно поскоро да почнат да ги компензираат идните дефицити.

Како што прецизира „Шпигел“, САД планираат да го намалат бројот на борбени авиони во рамките на НАТО за приближно една третина, значително да го намалат бројот на стратешки бомбардери, а исто така да се откажат од обезбедувањето подморници.

Дополнително, се планира да се намали учеството на ескадрилни торпедо бомбардери, извидувачки и ударни беспилотни летала, како и авиони-танкери за полнење гориво од воздух.

Според учесниците на состанокот, сигналот од американската страна бил „целосно недвосмислен“.

Во исто време, Вашингтон јасно стави до знаење дека ќе го задржи нуклеарното одвраќање во Европа, но сака да ја пренесе конвенционалната одбрана на континентот во поголема мера на европските земји.

Советник на Хегсет го објасни овој став со променетата глобална ситуација: според Соединетите Американски Држави, европските сојузници веќе ги зголемија своите трошоци за одбрана и се во можност да преземат поголема одговорност.

Најнови вести од: Свет

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

Кремљ ја укинува забраната за ликвидација на Зеленски и военото раководство?

Претставници на безбедносните служби побарале дозвола за физичка елиминација на највисокото воено и политичко раководство на Украина, пишува „Московски комсомолец“, руски весник близок до властите

To top