Свет

Садик Кан стана британски лорд

Тој ќе ја носи доживотно титулата, но нема да ја наследуваат неговите наследници

 

Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е назначен во Домот на лордовите, горниот дом на британскиот парламент, соопшти британската влада.

Именувањето е дел од списокот од 26 нови членови одобрени од премиерот во заминување, Кир Стармер, само неколку дена пред тој да му ја предаде премиерската функција на Енди Бернам во понеделник, објави Ројтерс.

Сер Садик Аман Кан (роден на 8 октомври 1970 година) е британски политичар кој е трет и актуелен градоначалник на Лондон од 2016 година. Претходно беше пратеник во Парламентот (MP) од Тутинг од 2005 до 2016 година. Член е на Лабуристичката партија.

Садик Кан ќе ја задржи својата функција како градоначалник на Лондон, што е директно избрана функција бидејќи британскиот закон дозволува двете позиции да се извршуваат истовремено.

Неговото назначување во Домот на лордовите, исто така, ја отвора вратата за новиот премиер,Енди Бернам, да му понудиминистерска функција доколку одлучи да го вклучи во новата влада. Сепак, досега не е објавена таква одлука.

Именувањето значи дека Садик Кан ќе стане доживотен лорд ((life peer) најчестата форма на членство во Домот на лордовите.

Тој ќе го задржи своето место до крајот на својот живот, но титулата не ја наследуваат неговите наследници.

Најнови вести од: Свет

Избори во две германски покраини, Мерц пред нов пораз

Анкетите покажуваат дека Христијанско-демократската унија (ЦДУ) – предводена од Фридрих Мерц – едвај ќе го помине изборниот праг во Мекленбург-Западна Померанија, додека во Берлин се очекува да го заземе второто место

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top