Хроника

Трагедија во Битола: Жена на 41-годишна возраст пронајдена мртва

Случајот бил пријавен во СВР Битола, а причините за смртта ќе се утврдуваат на Судска медицина

Четириесет и едногодишна жена од Битола била пронајдена почината во сместувачки капацитет на улицата „Македонска фаланга“ во градот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Случајот бил пријавен на 26 ноември во Секторот за внатрешни работи Битола. На местото веднаш интервенирал лекар од Итната медицинска помош, кој констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Полициски екипи извршиле увид на местото на настанот, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата било предадено на Судска медицина за обдукција, со цел да се утврдат причините за смртта.

Најнови вести од: Хроника

Приведен еден осомничен за убиството кај Смилковско езеро!

Eдно лице било приведено во рамки на истрагата за убиството кое викендов се случи кај Смилковското Езеро во близина на Скопје кога 38-годишен маж искрвари до смрт откако бил застрелан во нога, дознава Телма ТВ.

Двајца малолетници во Тетово натепале врсник, оти одбил да им го даде својот тротинет – претходно му се заканувале и му барале пари

Малолетник бил мета на закани и барања за пари од две други малолетни лица во Тетово. Како што информираат од МВР, вчера во СВР Тетово 43-годишна жена пријавила дека подолг период две малолетни лица му се заканувале на нејзиниот син и барале пари од него. Последниот инцидент се случил пред два дена на Градскиот плоштад […]

To top