Спорт

БиХ се „распадна“ во завршницата против Швајцарија

Швајцарците го отворија резултатот во 74. минута и до крајот ја наполнија мрежата на ривалот, застанувајќи на 4:1

Со дури четири примени гола во последните дваесетина минути, фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина претрпе тежок пораз од 4:1 против Швајцарија во второто коло од групата Б на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

До 74. минута се водеше жестока битка за секоја топка, БиХ дури и почна да врши притисок кон швајцарскиот гол, но токму во моментите на налет на „змејовите“, на спротивната страна Јохан Манзамби го отвори резултатот.

И тогаш сè се сврте во полза на составот на Мурат Јакин, вклучувајќи го и црвениот картон за Тарик Мухаремовиќ во 80. минута, што до крајот го искористија Рубен Варгас во 84. минута, Манзамби со својот втор гол во 90. минута и Гранит Џака од пенал во седмата минута од судиското продолжение.

Почесниот погодок за тимот на Сергеј Барбарез го постигна тукушто влезениот Ермин Махмиќ со топовски волеј во 93. минута.

Најнови вести од: Спорт

To top