Свет

Шефот на иранската дипломатија стигна во Москва на средба со Путин

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи вечерва пристигна во Москва, каде што утре ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со други функционери за да разговара за ситуацијата на Блискиот Исток по нападите на САД и Израел врз Иран. „Абас Арагчи пристигна во Москва на разговори со претседателот и со други високи […]

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи вечерва пристигна во Москва, каде што утре ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин и со други функционери за да разговара за ситуацијата на Блискиот Исток по нападите на САД и Израел врз Иран.

„Абас Арагчи пристигна во Москва на разговори со претседателот и со други високи руски функционери“, објави иранската новинска агенција ИРНА.

Пред неговото патување во Москва, Арагчи наведе дека Иран има стратешко партнерство со Русија. Тој рече дека Иран остро ги осудува нападите на САД како „кршење на меѓународното право“, нагласувајќи дека САД носат целосна одговорност за последиците од нивната агресија.

Најнови вести од: Свет

Футуристички пиштол без звук и чад: Кина ја откри новата електромагнетна технологија

Кина официјално го претстави компактното електромагнетно оружје во облик на пиштол, кое е способно да ги онеспособи целите без смртоносна сила кога е потребно, или да ослободи значително поголема моќност доколку ситуацијата го бара тоа.

Светско предупредување: Војната ја турка инфлацијата кон 7%?!

Шефицата на ММФ се осврна и на фискалната политика, предупредувајќи дека владите мора да бидат внимателни да не ја комплицираат дополнително работата на централните банки со своите потези. Претставниците на ММФ, рече таа, веќе работат со поединечни влади на пакети за фискална поддршка кои треба да бидат привремени и јасно временски ограничени.

Најнови вести

To top