Свет

Шверц на оружје и дрога од Косово во Албанија – уапсени 10 лица

Во акција на албанската полиција, против шверц на оружје и дрога од Косово во Албанија, во Тирана уапси се 10 а по две лица се трага, јавија албански медиуми. Во рамки на акцијата под кодно име „Сложувалка“, запленети се 14 парчиња огнено оружје и тоа: 12 пиштоли, од кои еден со пригушувач и две автоматски […]

Во акција на албанската полиција, против шверц на оружје и дрога од Косово во Албанија, во Тирана уапси се 10 а по две лица се трага, јавија албански медиуми.

Во рамки на акцијата под кодно име „Сложувалка“, запленети се 14 парчиња огнено оружје и тоа: 12 пиштоли, од кои еден со пригушувач и две автоматски пушки, 2077 семки канабис, муниција, три возила и 8 мобилни телефони.

Акцијата следела по повеќемесечна истрага од која биле добиени сознанија, за вклученост на повеќе лица во трговија со огнено оружје од Косово, со цел продажба, главно, во Тирана.

Во неколку наврати албанската гранична полиција спречи шверц на оружје и муниција на албанско – македонската и албанско – грчката граница.

Најнови вести од: Свет

Почна Октоберфест, фестивалот на пивото во Минхен

Илјадници посетители – жени во баварски фустани („дирндл“) и мажи во кожни панталони („ледерхозен“) – уште во утринските часови се упатија кон шаторите за пиво на саемскиот простор „Терезиенвизе“ во Минхен за да обезбедат добри места на клупите

To top