Свет

Скандал: Светски синџир хотели банкротираше и ги исфрли гостите на улица

Дел од патниците рекле дека имале среќа што престојот им бил при крај, но изразиле загриженост за оние кои платиле однапред и морале порано да заминат. Стив Мегроу изјавил за Business Insider дека резервирал 17 ноќевања во Њујорк за да ја запознае својата внука, но бил избркан од собата.

Компанијата Sonder предизвика вистински хаос меѓу патниците, кои од Дубаи до САД беа известени дека мора веднаш да ги напуштат собите што веќе ги платиле. Големиот хотелски синџир Sonder, партнер на Marriott, во понеделникот изненадно прогласи банкрот, оставајќи бројни гости ширум светот без сместување – некои од нив морале да ги напуштат собите среде престој, пренесе Курир.рс.

Sonder поднел барање за банкрот според поглавје 7 (Chapter 7), што значи целосна ликвидација на компанијата. Marriott веднаш потоа го раскина лиценцниот договор со својот партнер.

Гостите останаа без соби

Веста предизвика вистински хаос, бидејќи многу патници биле избркани од хотелите, иако ги имале платено престојот.

Marriott објави дека ќе стапи во контакт со сите гости кои резервирале преку официјалните канали – веб-страницата marriott.com, апликацијата Marriott Bonvoy и светските центри за резервации – со цел да им помогне да најдат ново сместување. На социјалните мрежи, особено на TikTok, се појавија снимки на гости кои пакуваат куфери и ја напуштаат хотелската соба. Една гостинка по име Ајвери се пошегувала дека „Sonder и Marriott токму што раскинале“.

  • „Се обидувам да го задржам достоинството додека ги влечам куферите по улица, откако Marriott Hotels и Sonder Hotels решија да се ‘разделат’ во некоја случајна недела и ни рекоа да се иселиме од хотелот во Монтреал, иако имавме платено уште три ноќи“, напиша таа.

@jurassicave Nice, thanks @Marriott Hotels ♬ original sound – Ave from YEG

@jurassicave Nice, thanks @Marriott Hotels ♬ original sound – Ave from YEG

Некои имаа среќа, други изгубија илјадници долари

Дел од патниците рекле дека имале среќа што престојот им бил при крај, но изразиле загриженост за оние кои платиле однапред и морале порано да заминат. Стив Мегроу изјавил за Business Insider дека резервирал 17 ноќевања во Њујорк за да ја запознае својата внука, но бил избркан од собата.

  • „На крај моравме да потрошиме уште неколку илјади долари за ново сместување. Беше многу стресно, а третманот беше ужасен“, рекол тој.

Marriott нагласил дека сите гости кои престојувале во објектите на Sonder ќе добијат целосна рефундација, но со оглед дека компанијата управувала со околу 140 објекти и илјадници гости, процесот нема да биде едноставен.

Друг гостин, Крег Марфи, рекол дека мора да плати повеќе од 1.300 фунти за нова резервација, непосредно пред венчавката на својата ќерка.

  • „Тоа не ги вклучува времето и стресот за повторно организирање на лимузини, фризери, цвеќе и известување на сите гости каде да ги испратат подароците“, додал тој.

Marriott: „Приоритет ни е помошта на патниците“

Во официјалното соопштение, Marriott International наведува дека нивен моментален приоритет е поддршка на гостите кои се наоѓаат во објектите на Sonder или имаат идни резервации.

  • „Marriott ќе стапи во контакт со сите гости кои резервирале преку официјалните канали на компанијата — преку веб-страницата marriott.com, апликацијата Marriott Bonvoy и нашите глобални центри за резервации — за да им помогне во решавањето на нивните потреби за сместување. Гостите кои резервирале преку трети страни треба да се обратат директно до тие платформи“, соопштија од компанијата.

Marriott додаде дека останува посветен на минимизирање на нарушувањата во патните планови на своите гости.

Најнови вести од: Свет

„Реформи“ на здравственото осигурување во Германија: поскапување на лековите, болничкиот престој и терапиите!

Во текот на следните две години, осигурениците во системот на задолжително здравствено осигурување (GKV) во Германија ќе се соочат со низа промени,  кои  веројатно ќе ги зголемат нивните лични трошоци за здравствена заштита.

Денес избори во Шведска, на кои е можно да се случи победа и историски влез на крајната десница во владата

Граѓаните на Шведска денеска гласаат на парламентарните избори, на кои левиот и десниот блок влегуваат речиси целосно израмнети со разлика од само 0,3 отсто, а исходот би можел да го донесе првиот историски влез на крајнодесничарските Шведски демократи во владата.

Трамп: Ирска може да се обедини и сега! – Ирски реакции: За иднината на земјата одлучуваат граѓаните, а не странски државници!

Лидерите на унионистичките партии во Северна Ирска упатија низа критики до американскиот претседател Доналд Трамп, откако тој изјави дека „би сакал да види“ обединета Ирска. Тие му порачаа на Трамп дека „за уставната иднина на земјата ја одлучуваат исклучиво нејзините граѓани, а не странски државници“, пренесоа британските медиуми.

АфД поднесе кривична пријава против Мерц по обвинувањата за „етничко чистење“

Германската партија Алтернатива за Германија (АфД) поднесе кривична пријава против канцеларот Фридрих Мерц, кој во говор во парламентот оваа недела ја обвини антиимиграциската партија дека спроведува политика на „етничко чистење“.

To top