Свет

Судот во Белгија ја отфрли тужбата против Фон дер Лајен за Ковид вакцините

Врховниот суд на Белгија ја прогласи за недопуштена кривичната тужба против претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поврзана со набавката на вакцини против Ковид-19 од американската компанија „Фајзер“

Врховниот суд на Белгија ја прогласи за неприфатлива кривичната тужба против претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поврзана со набавката на вакцини против Ковид-19 од американската компанија „Фајзер“. Оваа пресуда доаѓа по жалбата на одлуката на Судот во Лиеж, кој во 2023 година ја отфрли тужбата поднесена од поранешниот белгиски лобист Фредерик Балдан.

Балдан ја обвини Фон дер Лајен за злоупотреба на службената положба, уништување докази, корупција и судир на интереси во врска со договорите за набавка на вакцини за време на пандемијата на коронавирусот. Кон тужбата првично се приклучија неколку странки, вклучувајќи ги Унгарија, Полска, здружението „Нашиот добар закон“, белгиската партија Вивант и неколку граѓани.

Адвокатот на Фон дер Лајен, Адриен Масе, ја поздрави пресудата на белгискиот Врховен суд, оценувајќи ја како „добра одлука“.

Со конечната одлука на Врховниот суд, тригодишната судска постапка против претседателката на Европската комисија е завршена.

Најнови вести од: Свет

Помалку кондоми, кеси за ѓубре и медицински материјал – Нафтената криза се претвора во криза на сè

Притисокот сега се шири на сите делови од потрошувачкиот пазар, при што цените на материјалите како што се пластика, гума и полиестер растат. Последиците се најочигледни во Азија, која сочинува повеќе од половина од светското производство и е во голема мера зависна од увезената нафта и други суровини.

Масовно „чистка“ во Пентагон: Хегсет го смени шефот на Генералштабот и уште неколку други генерали без објаснување

Отпуштањето доаѓа во многу чувствителен момент – додека американските сили водат активни воени операции против Иран, а илјадници војници од 82-ра воздушно-десантна дивизија се упатуваат кон регионот.

To top