Свет

Светот на работ на демографска катастрофа

2,1 дете по жена е стапка потребна за природно обновување на населението. Mеѓу земјите од поранешна Југославија, Македонија, со стапка од 1,36, (дете по жена) е во најлоша ситуација

Најновите податоци покажуваат дека десетици земји влегоа во зоната на „ултра низок фертилитет“, каде што жените во просек раѓаат помалку од 1,3 деца – ниво за кое експертите велат дека води кон истребување на населението. Стапките на наталитет се на историски најниско ниво оваа година низ целиот свет.

Ситуацијата е особено критична во Литванија, Полска, Костарика, Јужна Кореја, Сингапур… Сите овие земји имаат стапки на фертилитет кои се движат од 0,81 во Јужна Кореја до 1,10 во Костарика. Во Полска, стапката е 1,01, а во Литванија, 1,02.

Кога фертилитетот паѓа на или под 1,0, научната литература зборува за демографска катастрофа бидејќи тоа значи дека населението може да се преполови само за една генерација.

Границата од 2,1 дете по жена се смета за стапка потребна за природно обновување на населението.

Германија, Австрија и Швајцарија се малку под границата од 1,3. Холандија и Белгија се на околу 1,4.

Ситуацијата во Медитеранот е загрижувачка; стапката во Италија е 1,11, во Шпанија 1,13, а во Грција 1,19.

Mеѓу земјите од поранешна Југославија, Македонија, со стапка од 1,36, е во најлоша позиција , a по неа следува Хрватска со стапка од 1,42.

Сите земји во регионот имаат ниски стапки на фертилитет и генерално тренд на опаѓање, бележејќи вредности далеку под границата потребна за обновување на населението.

Дури и Косово, кое традиционално е познато по значително повисоки стапки на наталитет во споредба со остатокот од регионот, со стапка од 1,96 е под гореспоменатата стапка (2,1) на обновување на населението. (Индекс.хр)

 

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

САД нападнаа остров преку кој Иран ја извезува речиси целата своја нафта

Уништувањето на Харк или оштетувањето на извозниот терминал „ризикува да предизвика долгорочен скок на цените на нафтата што нема брзо да се смири, и би значело отфрчање на секоја идеја дека војната се води за да се создаде подобра иднина за Иран

To top