Бизнис

Објавен проспектот за третата Граѓанска обврзница со камата од 4,5%

Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година, а каматата за исплата достасува за првата година на 19 декември 2026 и за втората година на 19 декември 2027 година. Ова е трета емисија на Граѓанска обврзница којашто ја издава Министерството за финансии. Двете емисии беа во вкупен износ од 41,1 милион евра и веќе се исплатени заедно со каматата за двете години. Во првата емисија беа запишани обврзници во износ од 23,5 милиони евра, додека во втората 17,6 милиони евра, велат од Финансии.

Министерството за финансии денеска го објави Проспектот за издавање на нова Граѓанска обрзница. Проспектот е објавен на износ од 100 милиони денари, а граѓаните ќе може да доставуваат понуди за запишување обврзници до 10 декември 2025 година.

  • „Износот на една граѓанска обврзница е 10.000 денари, односно тоа е минималниот износ којшто може да се запише од страна на граѓаните. Купонската каматна стапка изнесува 4,5%, а рочноста на обврзницата е 2 години“, соопштија од МФ.

Од министерството посочуваа дека аукцијата ќе се одржи на 12 декември, а понудите се доставуваат во деловните банки во земјава.

  • „Датумот на достасување на обврзниците е 19 декември 2027 година, а каматата за исплата достасува за првата година на 19 декември 2026 и за втората година на 19 декември 2027 година. Ова е трета емисија на Граѓанска обврзница којашто ја издава Министерството за финансии. Двете емисии беа во вкупен износ од 41,1 милион евра и веќе се исплатени заедно со каматата за двете години. Во првата емисија беа запишани обврзници во износ од 23,5 милиони евра, додека во втората 17,6 милиони евра“, велат од Финансии.

Најнови вести од: Бизнис

Во кои земји трошокот за домување е сериозен товар?!

Во овој индикатор, Евростат ги вклучува киријата или каматата за станбен кредит, трошоците за вода, електрична енергија, гас и греење, како и осигурувањето, одржувањето, поправките и поврзаните даноци. Отплатата на главницата на станбениот кредит не е вклучена.

Kупувањето производи преку кинеските платформи е поскапо за граѓаните на ЕУ – од сега се плаќа и посебна такса

Доколку купувачот нарача маица, паричник, слушалки и шише вода во една пратка, само 12 евра ќе одат на фиксната царинска давачка, односно три евра за секој артикл.

To top