Бизнис

Намерно ја поскапувале храната – Казни од 50.000 евра за четири маркети оти договарале цени

Казни за четири фирми и ССК – се договориле да не прифаќаат нови или зголемени цени од добавувачите. Поради тоа, секое од трговските друштва е казнето со по 50.000 евра, додека висината на казната што се однесува за Сојузот на стопански комори кои биле главните координатори на целата акција е 18,585 илјади евра.

Глоба од 3.075.000 денари, односно 50.000 евра, му изрече Комисијата за заштита на конкуренцијата на секое од четирите трговски друштва со прехранбени производи што беа фатени како договарале цени. Казна од 1.143.000 денари (18.585 евра) заработи и Сојузот на стопански комори за незаконско однесување, односно поради тоа што ги координирал. Според КЗК, казнетите трговци и ССК го прекршиле Законот за заштита на конкуренцијата и изречените глоби треба да превенираат идни нарушувања на пазарот и заштита на потрошувачите и на пазарната конкуренција.

Ваквата одлука е донесена од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата во вкупен износ од 218 илјади евра кои треба да ја платат четирите страни за картелскодо однесување.

  • „Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) донесе решение со кое утврди дека четири трговски друштва, како и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) како координатор, учествувале во забранет договор и/или усогласено однесување во смисла на член 59 од Законот за заштита на конкуренцијата“, се вели во соопштението од КЗК.

Комисијата за одлучување по прекршок, на претпријатието, односно здружението на претпријатија, со решение ќе му изрече глоба во износ до 10% од вредноста на вкупниот годишен приход остварен во последната деловна година, изразена во апсолутен и номинален износ за која претпријатието или здружението на претпријатија има составена годишна сметка ако: 1) склучи забранет договор или на друг начин учествува во договор, одлука или усогласено однесување со кои се нарушува конкуренцијата во смисла на  член 7 од овој закон;

Од Сојузот на стопански комори велат дека одлуката на Комисијата мора да се почитува.

  • Тоа е причината што имаше расчистување во Комората и поради кое сум јас нов претседател на ССК. Имаме многу поквалитетен Управен одбор и очекуваме да одиме во насока на додадена вредност и да се работи и во интерес на бизнисот и во интерес на државата – рече Ѓорѓиевски.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, неодамна изјави дека добил сознанија од КЗК, која го следи спроведување на Законот за нефер трговски практики, дека од своја страна изрекла 30 налози за глоба и дека тие постапки се пред Управниот суд.

  • Која ќе биде висината на глобите изречени за непочитување на овој Закон за нефер трговски практики, наскоро треба да очекуваме од Управниот суд да има конечни пресуди. Во овој период, има многу повеќе пријави од набавувачи, кои се многу поохрабрени отколку на почетокот, кога започна Законот за нефер трговски практики. Очекувам дека во иднина ќе имаме уште повеќе вакви пријави од набавувачи што се уценети од трговците – потенцира Ристески.

Во меѓувреме, од ресорното Министерство за економија и труд најавија повеќекратно зголемување на казната што сега е предвидена во Законот за нефер трговски практики  кој според дел од економските аналитичари како закон треба да биде стожер во нормализирањето на цените на подолг рок.

Најнови вести од: Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

МБА: Се ближи примената на новите стандарди во националниот платен промет – новините не значат промена на постојните платежни сметки

МБА ги охрабрува граѓаните и компаниите навремено да ги следат известувањата и практичните упатства што ќе ги објавуваат нивните банки во однос на новите платни налози, користењето на ИБАН и другите промени поврзани со примената на новите стандарди.

Народна банка со зајакнати статистички и аналитички капацитети

Народната банка останува посветена на натамошното унапредување на статистичките податоци, нивната транспарентност и навременост, како и на целосно усогласување со меѓународните и европските стандарди.

Европа брза да отвора рудници за критични минерали додека „Иловица“ никако да тргне

ЕК заклучува дека Унијата не може, ниту пак има за цел, дома да ги произведува сите суровини што ѝ се потребни – „увозот и понатаму ќе претставува важен дел од снабдувањето на Европа“. Според нив, целта е да се зголемат европските капацитети, да се диверзифицираат изворите на снабдување и да се намали прекумерната зависност од поединечни добавувачи.

To top