Свет

Светската дипломатија во Њујорк под будно око, засилени безбедносни мерки за Генералното собрание на ОН

Засилени контроли има и во метро станицата и во пристанишниот појас, каде што обезбедувањето е под надзор на пристанишни единици, а движењето на водни пловила е ограничено. Распоредени се и кинолошки единици, тимови за откривање експлозив и илјадници полицајци, а безбедносните служби спроведуваат и прикриени мерки за следење потенцијални закани, вклучително и кибер напади.

Њујорк неделава е под највисоко ниво на безбедносни мерки во годината, поради одржувањето на 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации. Над 140 светски лидери, делегации и дипломати се присутни во градот, што ја активира целата безбедносна инфраструктура на федерално, државно и локално ниво. Сесијата е класифицирана како настан од висок национален ризик. Во близина на седиштето на ОН во Источен Менхетан, воведени се „замрзнати зони“ со целосна или делумна забрана за движење на возила и пешаци, додека небото над градот е под строги воздушни ограничувања, вклучително и забрана за дронови.

Засилени контроли има и во метро станицата и во пристанишниот појас, каде што обезбедувањето е под надзор на пристанишни единици, а движењето на водни пловила е ограничено. Распоредени се и кинолошки единици, тимови за откривање експлозив и илјадници полицајци, а безбедносните служби спроведуваат и прикриени мерки за следење потенцијални закани, вклучително и кибер напади.

Во комплексот на ОН има над 1.400 безбедносни камери и постојано се следат видеоснимки.

Иако мерките создаваат сообраќајни проблеми и затворања на улиците, властите апелираат на трпение и соработка, нагласувајќи дека безбедноста на градот и светските гости е апсолутен приоритет.

  • Обезбедувањето на светските лидери и нашите сограѓани ни е апсолутен приоритет. Благодарен сум на сите служби кои работат 24/7 за да гарантираат дека Њујорк е безбеден, изјави градоначалникот Ерик Адамс.

Иако градот функционира во специфичен режим, Њујорк и понатаму го носи епитетот на дипломатска престолнина во светот, овојпат со засилен ритам, блокирани улици и илјадници луѓе кои внимателно следат се што се случува.

Најнови вести од: Свет

Никола Саркози ќе ја отслужи шестмесечната затворска казна по одлука на судот

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе мора да ја отслужи шестмесечната затворска казна откако Кривичниот суд одби да ја спои со казната што ја доби во случајот со прислушување, познат како „Бизмут“. Саркози бараше двете казни да бидат обединети за да не мора дополнително да ја издржува втората, со оглед на тоа што веќе ја отслужил првата. Сепак, судот ја одби оваа можност, со што шестмесечната казна останува на сила.

Ранет на самиот почеток, ловен до денес: Новиот лидер на Иран е жив, но невидлив

Новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, е ранет, се крие и сè уште не изговорил ниту збор јавно, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на информации од три ирански функционери и израелски разузнавачки извори.

Најнови вести

To top