Свет

Трамп доби булевар со негово име во Флорида

„Ќе го паметам овој неверојатен гест до крајот на животот“, изјави американскиот претседател

 

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп, учествуваше на официјално преименуваше пат во близина на неговиот приватен клуб во Палм Бич, Флорида.

Пратениците на Флорида одобрија почесно ново име на дел од Јужниот булевар, патот што го поврзува меѓународниот аеродром Палм Бич со Мар-а-Лаго, приватниот клуб и резиденција на Трамп. Патот често го користи заштитената поворка на претседателот кога патува помеѓу аеродромот и имотот.

Трамп рече дека е „исклучително почестен“ од признанието.

„Ќе го паметам овој неверојатен гест до крајот на животот“, рече тој на церемонијата за преименување на дел од патот во Мар-а-Лаго.

Откако ја презеде претседателската функција пред една година, името на Трамп сè повеќе се поврзува со имињата на важни згради во Вашингтон, предложено е ново име за нова класа воени бродови на морнарицата, иницијатива за визи за богати странски државјани, владина веб-страница за лекови на рецепт и федерални штедни сметки за деца.

Во Вашингтон има многу згради и споменици именувани по претседатели, но ваквите почести обично се доделувале долго откако тие ќе ја напуштат функцијата и обично биле национални почести, најчесто одобрени од Конгресот.

Најнови вести од: Свет

330 месеци затвор за планиран атентат врз Трамп

За време на судењето, осудениот тврдеше дека „немал друг избор“ освен да ги изврши наредбите, бидејќи лицето кое му давало упатства јасно ставило до знаење дека знае кои се членовите на неговото семејство во Иран и каде се наоѓаат

НАТО и Пентагон разговараат за можното повлекување на американските војници од Европа

Би можело да дојде до намалување на бројот од 80.000 американски војници кои моментално се стационирани на европскиот континент, а целта е да се поттикне Европа да преземе поголем ангажман, овозможувајќи ѝ на американската војска да се фокусира на своите глобални обврски.

Јапонските средношколци што учат македонски јазик во Токио добија вежбанки и книги

Учениците од здружението добиле работни тетратки за вежбање на македонскиот јазик, материјали од „Бушава азбука“, Македонски бајки, како и традиционални омијаге (сувенири) во вид на македонски чоколади и слатки, соопшти Јапонската амбасада

To top