Свет

Трамп: Двојно ќе ѝ наплатиме на Шпанија оти не сака да одвојува 5% за одбрана

„Она што го направи Шпанија е ужасно…Тие се единствената земја што не сака да плаќа сè. Тие остануваат на 2 проценти. Тоа е ужасно“, рече американскиот претседател Доналд Трамп одговарајќи на новинарско прашање откако шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека неговата земја нема да троши повеќе од 2,1 процент од БДП за оружје. „Јасно ми […]

„Она што го направи Шпанија е ужасно…Тие се единствената земја што не сака да плаќа сè. Тие остануваат на 2 проценти. Тоа е ужасно“, рече американскиот претседател Доналд Трамп одговарајќи на новинарско прашање откако шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека неговата земја нема да троши повеќе од 2,1 процент од БДП за оружје.

„Јасно ми е дека доколку кој било друг премиер беше тука денес, Шпанија ќе потпишеше 5 проценти од БДП, а тоа би била целосна грешка“, изјави Санчез на прес-конференција по самитот на НАТО во Хаг.

Санчез, лидерот на шпанските социјалисти, нагласи дека зголемувањето на потребните 5 проценти од БДП би значело трошење повеќе од 300 милијарди евра во следните десет години, пари што би требало да дојдат од зголемување на даноците за средната класа и намалување на јавните услуги.

Трамп тврди дека шпанската економија добро се справува, но може да пропадне „ако се случи нешто лошо“, без да прецизира што може да се случи.

„Знаете што ќе правиме? Ќе преговараме за трговски договор со Шпанија. Ќе ги натераме да плаќаат двојно“, рече тој. Тој истакна дека „нема да дозволи“ издвојувањето на Шпанија да остане на 2,1 процент од БДП „бидејќи тоа е неправедно“.

Лидерите на НАТО денес поддржаа големо зголемување на трошоците за одбрана што ги побара Трамп.

Земјите-членки планираат да потрошат 3,5 проценти од БДП за основна одбрана, како што се војници и оружје, и 1,5 проценти за пошироки одбранбени мерки како што се сајбер безбедноста, заштитата на цевководите и прилагодувањето на патиштата и мостовите за сместување на тешки воени возила.

Најнови вести од: Свет

Спасил 900 деца – директор на училиште во Непал со благовремена реакција превенирал страшна трагедија

Имаше извештаи дека поплавата веќе ја зафатила нашата населба. Тогаш решив дека не треба повеќе да одложувам. Доколку ја донесовме одлуката десет минути подоцна, сите ние немаше да можеме да разговараме денес

„Еурактив“: Исландското НЕ за ЕУ ќе го ослабне моментумот за проширување

„Еурактив“ наведува дека ЕУ се надеваше оти ќе го поврзе членството на Исланд, богат остров со највисоки плати во Европа, кој веќе во голема мера е интегриран со Унијата, со приемот на некоја посиромашна земја

To top