Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја изрази својата поддршка за својот „пријател“, конзервативниот унгарски националистички премиер Виктор Орбан, повикувајќи ги Унгарците да го поддржат на изборите следниот месец, објавија агенциие.
„Унгарија: ГЛАСАЈТЕ ЗА ВИКТОР ОРБАН. Тој е вистински пријател, борец и ПОБЕДНИК, и има моја целосна и безусловна поддршка за неговиот реизбор за премиер на Унгарија“, напиша Трамп на својот профил на социјалните мрежи Truth Social.
Ултраконзервативниот Виктор Орбан, кој е на власт во Унгарија од 2010 година, е аутсајдер според независните анкети за унгарските парламентарни избори на 12 април, на кои се надева дека ќе освои петти мандат.
Фалејќи го унгарскиот лидер за неговата „борба против нелегалната имиграција“ и „враќањето на јавниот ред“, американскиот претседател, исто така, рече дека Унгарија и САД достигнуваат „нови височини во соработката“.