Свет

Трамп ја „обои“ Венецуела како 51ва сојузна држава на САД

Не му е прв пат, во јануари, тој сподели слика на која Венецуела, Гренланд и Канада беа покриени со знамето на САД. Откако се врати во Белата куќа, тој неколку пати зборуваше за анексијата на Гренланд и за Канада како можна 51-ва федерална држава

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно објави слика на Truth Social на која Венецуела е прикажана како 51-ва држава на САД. Објавата прикажува мапа на северна Јужна Америка, со територијата на Венецуела обележана во боите на американското знаме. Над мапата е текстот „51-ва држава“.

Објавата доаѓа неколку месеци откако Трамп веќе јавно предложи дека Венецуела би можела да стане дел од САД. Во март, тој објави порака за „државност“ по победата на Венецуела над САД во финалето на World Baseball Classic, продолжувајќи ја претходната објава во која напиша: „Државност, #51, некојa?“

Трамп претходно објави дигитално изменети слики поврзани со територијалните амбиции на САД. Во јануари, тој сподели слика на која Венецуела, Гренланд и Канада беа покриени со знамето на САД. Откако се врати во Белата куќа, тој неколку пати зборуваше за анексијата на Гренланд и за Канада како можна 51-ва федерална држава.

Сепак, Венецуела е почувствителен случај отколку едноставна провокативна објава. САД директно интервенираа во Венецуела оваа година, а Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес беа уапсени на почетокот на јануари и префрлени во САД, каде што чекаат судење. После тоа, Делси Родригез положи заклетва како привремен претседател на Венецуела, а Вашингтон активно учествуваше во политичките преговори за новата влада.

Трамп потоа рече дека партнерството меѓу САД и Венецуела ќе биде „спектакуларно“ и дека Венецуела наскоро повторно ќе биде „одлична и просперитетна“. Во јануари, американската администрација ја заврши првата продажба на венецуелска нафта во вредност од 500 милиони долари.

 

Најнови вести од: Свет

Шпанија експресно врати десетици илјади мигранти кои пливајќи стигнаа до нејзиниот брег

Шпанските власти соопштија дека најмалку 61 лице загинало обидувајќи се да ја премине границата во Сеута – од 60.000 мигранти кои влегле на шпанска територија од Мароко, 53.000 се вратени во Мароко, соопштија властите.

To top